Секој пратеник може да предложи сѐ, смета премиерот Димитар Ковачевски за барањето на Африм Гаши, Билал Касами и Изет Меџити кои бараат со измената на Уставот да се избрише и одредницата „20 проценти“ која ја ограничува, како што кажа, употребата на албанскиот јазик како официјален во земјата. Според премиерот, тие треба да имаат на ум зошто се прават уставните измени.
„Уставните измени се процедура каде можат да се дадат голем број предлози. Не сум ја видел прес-конференцијата и тоа беше кажано претходно. И други партии кажаа работи за корекции во Уставот. Но на работната група за подготвување на уставните измени беше едногласно донесен предлог за обврските на државата за исполнување на условот од преговарачката рамка. Тоа е она на што Владата работеше. Секој пратеник има право да предложи се. Но секогаш треба да се има на ум зошто стратешки одреден процес се прави. Овој процес стратешки се прави за продолжување на патот кон ЕУ“, кажа Ковачевски.