Ковачевски-Филибек: Иднината на Северна Македонија е во ЕУ, целосна поддршка од ПЕС за претстојните процеси

filibek_kovacevski_56456456
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Претседателот на Владата Димитар Ковачевски денеска имаше средба со извршниот генерален секретар на Партијата на европските социјалисти (ПЕС), Џакомо Филибек при што двајцата дискутирале за актуелните состојби и предизвици во државава, како и за претстојните процеси.

Како што соопштија од владината прес-служба, извршниот генерален секретар на ПЕС, Филибек ги поздрави конкретните чекори на Владата во насока на исполнување на евроинтеграциските цели.


При тоа, се посочува, Филибек ја пренесе целосната поддршка на Владата, како и сите напори кои ги презема со цел да се искористи понудената шанса за исполнување на стратешката цел-полноправното членство во ЕУ.

-На средбата беше констатирано дека скрининг процесот на земјата се одвива со предвиденото темпо. Беше оценето дека спроведувањето на реформските процеси и постоењето на свесност од сите политички актери за непречено усвојување на уставните измени е неопходно како гаранција за да се обезбеди непречен влез во ЕУ бидејќи тоа е очекувањето на граѓаните. Заеднички беше констатирано дека иднината на Северна Македонија е во Европската Унија и затоа не смее да се пропушти актуелната историска можност со којашто ќе се обезбеди поквалитетен живот за сите граѓани, стои во соопштението.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK