Костадинов: За прв пат навреме и неселективно исплатени се зголемени субвенции за тутунот


Владата преводена од СДСМ продолжува со водење на успешни политики и преку конкретни мерки покажува што значи вистинска грижа за граѓаните, за земјоделците и нивниот труд.

За прв пат навреме и неселективно исплатени се зголемени субвенции за тутунот.

Овие денови, 20.880 тутунари на своите сметки добиваат околу 22 милиони евра субвенции, за тутун.

Субвенциите се зголемени и по класи: 80 денари за прва класа, 70 денари за втора класа и 60 денари субвенции по килограм тутун за трета, односно четврта класа.

Овој нов модел на субвенционирање им овозможува на тутунарите подобри услови за производство на поквалитетен тутун и повеќе приходи за нив и нивните семејства.

Реколтата 2017 година е со историски највисока цена од 217.6 денари по килограм, што е потврда за успешноста на мерките и политиките во земјоделството.

Со ова се остварува уште едно клучно ветување од Планот за живот: исплатата на субвенциите е неселективна, зголемена, редовна и  навремена, односно земјоделците ги добиваат субвенциите тогаш кога им се најмногу потребни.

Со зголемените субвенции уште еднаш се потврдува нашата заложба за обезбедување на повеќе пари кај граѓаните. Наша цел е достоинствени земјоделци коишто спокојно ќе живеат од својот труд.

СДСМ преку парламентарното мнозинство и Владата што ја предводи продолжува на остварувањето на зацртаните мерки кои обезбедуваат развој на земјоделството, повисок животен стандард и повеќе пари кај граѓаните.


Вести

Радикален исламист вооружен со нож уапсен во центарот на Лион

Француската полиција уапси радикален исламист во центарот на Лион. Според информациите објавени од француските медиуми, уапсеното лице (роден 1994 година) им било од претходно познато на разузнавачките служби. Тој бил облечен во џелаба и воена […]

Пендаровски со порака до учесниците во Охрид Ултра-Треил – Одржувањето на трката и покрај пандемијата говори за истрајност, солидарност и тимски дух - МИА
Вести

Нема потреба од нова вонредна состојба, став на Советот за безбедност

Нема потреба од воведување нова вонредна состојба, досегашните мерки и препораки за заштита од Ковид-19 се во насока на максимална заштита на здравјето на граѓаните, порачаа денеска претседателот Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев и министерот […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*