Костадинов да каже дали е точно дека Заев точните проценти ги договорил во еден ресторан во полошкиот регион


ВМРО-ДПМНЕ: Мислењата на Венецијанската комисија за СДСМ важат во зависност од тоа како ним им одговара - МИА

Костадин Костадинов и СДСМ очигледно се нервозни, штом се најдат во офсајд или наидат на отпор во јавноста заради погрешните политики, веднаш го споменуваат Груевски.



Веќе 4 години се власт, а тие уште говорат за некакви замешателства и апсурдни изговори. Јавноста јасно виде дека СДСМ прави политичко-пазарџиски дил наречен попис, за кој веќе јавно се лицитира со резултати, бројки и проценти. Ваквиот насилен попис кој е продукт на стандарди и пазари на Заев, создава конфликти во јавноста и за тоа одговорност има само СДСМ.

Дека се работи за гола политика, а не статистика говорат фактите. Пописот се спроведува со врзан потпис на директорот и заменикот директор на ДСЗ, пописот се спроведува надвор од европските стандарди и предвидува попишување на нерезиденти, пописот ќе се прави без јасна методологија со обично диктирање на матични броеви, без приложување на документи, па уште се оди до таму податоците на отсутните да ги диктираат лица кои најдобро ги познаваат.

Ете каков попис подготвуваат во партијата на Заев.

Кога веќе Костадинов не сака да одговори на прозивките на јавноста како се стигнува до имот од 1.5 милиони евра, кој е платен само стотина илјади евра, еве ќе му поставиме полесно прашање. Костадин Костадинов да одговори дали е точно дека Зоран Заев  точните проценти од пописот ги договорил во еден ресторан во полошкиот регион и дали се друго е фарса која ќе ги чини граѓаните 10 милиони евра?

Пописот по стандарди на Заев е обична политичка операција и тоа целата јавност веќе го гледа, затоа е толкава паниката на Костадинов и СДСМ.