Николоски за Независен: Корупцијата цвета како никогаш досега


Целиот систем во една држава, целото општество, секој сегмент, зависи од нивото на корумпираност, пред сѐ кај оние кои се „избрани“ да ја водат државата – властите. За човек да дознае каква е една држава, нејзината економија, екологија, образовен систем, здравство, приватен сектор, култура и тн., доволно е да провери колкав степен на корупција има во таа држава. Човек не сака да оди ниту на одмор во држава која има висок степен на корупција бидејќи не се осеќа сигурен, а да не зборуваме да размислува да направи нешто повеќе во такво корумпирано општество.

Најсиромашните и најлошите држави во светот се оние држави во кои царува корупцијата, тоа е факт, тоа се бројки. Кај секоја држава и кај секој народ постои корупција, но нивото на корупцијата зависи од правниот систем во државата. Најбогатите и најпосакуваните држави за живот се оние држави кои имаат исклучително добар правен систем кој корупцијата ја сведува на минимум. Тоа се оние држави кон кои ние тежнееме – членките на Европската Унија. И кога велиме европски вредности мислиме на ефикасен правен систем. Заклучокот е дека во една држава сѐ зависи од правниот систем, секоја пора од општеството е директно поврзана со ефикасноста на правниот систем.

Македонија се наоѓа на врвот по степенот на корупција во Европа. Корупцијата која е присутна во власта влијае врз целокупното живеење во државата, секој еден граѓанин директно е засегнат од од недостатокот од она кое треба да ја отстрани корупцијата – правото и правниот систем. Ние немаме правен систем кој ќе го расветли и санкционира криминалот кој доаѓа од власта, секојдневно на виделина излегуваат бројни афери кои моменталниот судски систем под притисокот на Владата се обидува да ги затскрие. Македонските власти зборуваат за европски вредности но со африкански манири. Додека Заев по трибини раскажува како го гушкале низ Европа на присутните во салите не им објаснува зошто случаите „Рекет 1“ и „Рекет 2“ се заглавени и ништо не е расветлено, не им објаснува на присутните дека животниот стандард им е најнизок во Европа бидејќи правниот систем не ја санкционира власта која краде токму од присутните во салата.

Александар Николоски, Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ

Целата колумна прочитајте ја на НЕЗАВИСЕН 


Вести

Премиерот на Русија, Медведев поднесе оставка (ДПЛ)

Дмитриј Медведев денеска поднесе оставка од функцијата премиер на Русија, јави руската државна агенција ТАСС.   Тој одлуката ја донел по разговорот со рускиот претседател Владимир Путин, кој предложи нова функција во Советот за безбедност […]

Вести

Четириесет и пет пријавени за фаќање на крстот во Вардар во Скопје

Четириесет и пет лица досега се пријавени за учество во традиционалното спуштање на крстот во Вардар во центарот на Скопје на 19 јануари на Богојавление – Водици, информираа денеска за МИА од Скопската епархија.   […]

Бизнис

Народна банка: Камaтната стапка се намалува на 2 отсто

На 14 јануари 2020 година, Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка ги разгледа клучните показатели за домашната економија и движењата на меѓународните и на домашните финансиски пазари, во контекст на поставеноста на монетарната […]