Корумпираниот и неспособен Заев ја турка Македонија во банкрот и сиромаштија



Реакција од ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Мила Царовска - МИА

Владата на Зоран Заев го зголеми јавниот долг, кој се зголеми над 1 милијарда евра за само три месеци. Од 5,5 милијарди евра на крајот на првиот квартал се качи на неверојатни 6,5 милијарди евра заклучно со вториот квартал во 2020 година. Нема ниту капитални проекти, ниту пак некој ги видел тие пари, а дополнително на тоа Владата продолжува со ново задолжување од 38 милиони евра.

Имено реализацијата на капиталните инвестиции во првата половина на годината изнесува само 22,51%, односно нема реализирано ниту четвртина од планираното. Дополнително загрижувачки е фактот што индустриското производство достигнува двоцифрен пад од 15% во месец мај, односно 30% во месец јуни. Несериозниот однос на Владата резултира со над 30.000 граѓани кои што не ги зедоа априлските плати, а голем дел на граѓани останаа без работните места. Голиот популизам, манипулациите и “блескањето” резултираа и со поскапување на струјата од 7,5%, што ќе ги зголеми месечните трошоци на граѓаните кои и онака живеат во сиромаштија. Поради дефицитот на средства кој се предвидува за оваа есен, односно за периодот кога државата ќе нема средства да ги сервисира основните обврски, СДСМ и Зоран Заев смислија “брилијантен” план за ограбување на народот и поскапување на електричната енергија, која во сите европски земји ја задржа цената или беше намалена. Поради ваквите лоши политики, секое семејство во Република Македонија е задолжено за 2000 евра, а ситуацијата ќе оди само на полошо бидејќи ниту Владата, ниту СДСМ немаат план и стратегија за справување со економската криза.

Потребни се стабилни, цврсти и промислени потези кои ќе ја стабилизираат состојбата и ќе ја издигнат македонската економија, а не политичари кои единствен спас за сопствените грешки наоѓаат во кражба на сопствениот народ.

 

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ


Продолжи собраниската расправа за избор на нова влада - МИА
Вести

Седница за избор на заменици министри – пратениците расправаат за образованието, Гоце Делчев, Ковид-19

– Собранието попладнево ја продолжи 13 седница, на чиј дневен ред е Предлогот за именување на заменици на министри во Владата. Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски процедурално изрази револт од начинот на […]

Продолжи собраниската расправа за избор на нова влада - МИА
Вести

Почна собранискара расправа за избор на заменици на министрите во Владата

– Справување со последиците од пандемијата, зачувување на работните места, создавање функционална економија и враќање на економскиот раст на 4 отсто, унапредување на животниот стандард на граѓаните и натамошен раст на платите, силни институции, неселективна правда […]

Вести

Нови 88 случаи на Ковид-19 од 1618 тестирања, петмина починати и 135 оздравени

-Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1618 тестирања, а регистрирани се 88 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје-45, Куманово-4, Штип-1, Прилеп-7, Тетово-6, Струга-3, Битола-2, Охрид-3, Гостивар-1, Струмица-7, Крива Паланка-2, Кочани-3, […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*