Конституирано Собранието, верификувани мандатите на 120-те избрани пратеници



Конституирано Собранието, верификувани мандатите на 120-те избрани пратеници - МИА

Скопје, 4 август 2020 () – Собранието на денешната конститутивна седница на предлог на Верификациската комисија ги верификуваше мандатите на 120-те пратеници на десеттиот парламентарен состав избрани на предвремените парламентарни избори одржани на 15 јули.

Јагода Шахпаска, претседателката на Верификациската комисија, што денеска ја избра Собранието на првата конститутивна седница, рече дека Комисијата констатира оти нема основ за оспорување на изборoт на ниту еден од 120-те пратеници.

Верификациската комисија, пред да го достави Извештајот и предлогот за верификација на мандатите на пратениците го разгледа Извештајот на Државната изборна комисија (ДИК) oд спроведените предвремени избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија, одржани на 15 јули 2020 година, врз основа на кој ги донесе својот предлог.

Конститутивната седница на новиот парламентарен состав се одржра во салата Голема купола согласно здравствените протоколи за заштита од ширење на Ковид-19. На оваа седница од 120-те пратеници не присуствуваа само тројца.

– На претседателот на Владата и на членови на Владата на кои денеска им беше верификуван мандатот за пратеници цсогласно член осум став 1 од изборниот законик им преставуваат функциите во Владата. заради обезбедување констинуитет во работата на Владата на РСМ според член 93 став 5 од уставот Владата останува на должност до изборот на нова Влада, рече претседателот на поранешниот состав на Парламентот Талат Џафери, кој ја водеше седнцата.

Тој појасни дека и на пратениците кои се носители на други функции кои според член 8 од изборниот законик се неспојливи со функцијата пратеник тие им престануваат.

Трета и четврта точка на оваа конститутивна седница се избор на претседател, заменик на претседателот, членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието и избор на претседател на Собранието на Република Северна Македонија, но по овие точки, според најавата на Џафери, ќе се расправа кога ќе се создадат услови за тоа.

Седниците на собранието до избор на нов претседател ќе ги води Џафери, а во негово отсуство пратениците Горан Мисовски и Флоријан Бесими.

Функцијата претседател на Собранието им припаѓа на партиите кои ќе обезбедат мнозинството за формирање влада, процес кој формално почнува денеска, па не може со сигурност да се очекува дека тој ќе биде избран на конститутивната седница.

Во Уставот е предвидено претседателот на државата во рок од десет дена од конституирањето на Собранието мандатот за состав на Владата да го довери на кандидат на партијата, односно партиите што имаат мнозинство во Парламентот. Мандатарот во рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот, на Собранието му поднесува програма и го предлага составот на Владата. Владата, на предлог на мандатарот и врз основа на програмата, ја избира Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.

Претседателот Стево Пендаровски веќе најави дека планира да одржи консултации со политичките партии по конституирањето на Парламентот, по што, согласно уставните одредби, ќе го додели мандатот за формирање нова влада на партијата, односно на партиите што ќе обезбедат мнозинство во Собранието на Република Северна Македонија.

На изборите кои се одржаа на 15 јули коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ освои 46 пратеници, коалицијата „За обнова на Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ – 44, ДУИ – 15, коалицијата на Алијанса на Албанците и Алтернатива – 12, Левица – два и ДПА – еден мандат.

 


Вести

Протест за декриминализација на марихуаната пред Основниот кривичен суд во Скопје

Протест за декриминализација на марихуаната и поддршка на активистот Филип Достовски се одржа денеска пред зградата на Основниот кривичен суд во Скопје. Претседателот на здружението Зелена национална агенда за Македонија – ЗНАМ Огнен Узуновски, рече […]

Седум нови случаи со Ковид-19 во Пијанец и Малешевијата - МИА
Вести

Нови 152 случаи на Ковид 19, починале две лица

Во последните 24 часа се направени 1630 тестирања, а регистрирани се 152 нови случаи на Ковид-19, починале две лица, додека оздравени се 126 пацинети, соопшти денеска Министерството за здравство. Од новите случаи најмногу има во: […]

Вести

МОН со последни подготовки пред стартот на учебната година, за СОНК има недостиг на технички средства

– Анализите направени од Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) покажуваат дека голем дел од училиштата немаат обезбедено технички средства за следење на онлајн настава, но од Министерството за образование и наука уверуваат дека […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*