Конференција „Антикорупциски предизвици во 2021“


– Во организација на Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата денеска во Скопје ќе се одржи конференција насловена „Антикорупциски предизвици во 2021“ во рамки на проектот  „Набљудување на успешноста на работата на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК)“ .



Проектот е финансиран од фондација „Отворено општество Македонија“, а целта е намалување на корупцијата преку подобрен интегритет на институциите, со активно вклучување на сите засегнати страни и со подобрување на фокусот на работење и правење приоритети на случаите што ги работи ДКСК.

-Целта на оваа конференција е да отвори дискусија за предизвиците и преземените активности во борбата против корупцијата во 2020 година и можните предизвици кои не очекуваат во 2021 година. Настанот ќе  даде простор за дијалог помеѓу Платформа на граѓански организации за борба против корупцијата, Државната комисија за спречување корупција  и претставници на Владата за заеднички да ги изложат круцијалните теми и предизвици со кои ќе се соочува македонското општество поврзани со корупцијата, стои во најавата од организаторите на онлајн конференцијата.