Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ: Случајот со патниците болни од Ковид 19 кои поминале низ Македонија не дискредитира како држава  



ВМРО-ДПМНЕ: На денот од смртта на Гоце Делчев, Заев и СДСМ го негираат неговиот македонски идентитет - МИА

„Ниту еден од патниците не е регистриран во базата на позитивни случаи со COVID-19 во нашата земја, што значи немаат решение за изолација како позитивни од Државниот санитарен и здравствен инспекторат“, соопшти Министерството за Здравство.

Почитувани,

Ова е официјалното соопштение и образложение со кое што Република Македонија и надлежните институции објаснуваат како авион со патници позитивни на COVID-19, од нашата земја, слетува во друга држава, во конкретниов случај во Финска.

Дополнително, во официјалното соопштение се вели:

“Според Министерството за Здравство, станува збор за патници, иселеници, коишто доаѓаат во Р. Македонија, или транзирираат преку Р. Македонија од различни причини, а потоа се враќаат на работа во Западна Европа, за коишто со дозвола за престој или државјанство од ЕУ не важат рестрикциите при влез и излез од земјата”.

Се поставува прашањето дали надлежните институции прават било каква контрола на патниците кои што слетуваат во Р. Македонија, кои што транзитираат и продолжуваат на некоја следна дестинација?

Каде не позиционира ваквото неодговорно однесување на картата на Европа во однос на менаџирањето и справувањето со пандемијата од COVID-19?

Каква слика оставаме кон нашите земји партнери од НАТО и ЕУ, а и најмногу кон сите оние земји кои што сеуште не ни ги имаат затворено границите?

За патниците кои транзитираат преку Р. Македонија, се поставува прашањето дали аеродромот е целосно отворен и дали тие воопшто биле тестирани од дестинацијата од која што доаѓаат, дали некој ги контролира кај нас или пак директно летаат кон следната дестинација?

Постои ли било каква контрола или одговорност за еден ваков случај кој што потенцијално дополнително не дискредитира како држава во однос на начинот на кој што ја менаџираме COVID-19 кризата?


Вести

Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Според последните податоци, досега во светот 33.951.767 лица биле заразени со новиот коронавирус. Како резултат на Ковид-19, починале 1.014.644 пациенти, а се опоравиле 25.217.358 лица. Во последните 24 часа во Германија се регистрирани 1.798 нови […]

Вести

Објавени распореди на часовите за наставата на МРТ

Учениците кои немаат ИТ-уреди за да следат онлајн-настава преку платформата, часови ќе  гледаат на Македонската радио-телевизија на која секој ден ќе бидат прикажувани 15-минутни видеа за секој наставен час. Часовите ќе почнуваат во 8.30 часот […]

Вести

Регистрирани 194 новозаразени, починаа 2 лица

Во последните 24 часа се направени 1697 тестирања, а регистрирани се 194 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-77, Куманово-9, Дебар-3, Штип-5, Прилеп-11, Тетово-16, Струга-3, Велес-5, Битола-6, Охрид-2, Кавадарци-3, Гостивар-5, Гевгелија-1, Струмица-9, Крива Паланка-3, Радовиш-6, Кочани-10, […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*