Кина тргнува на патот за нов развој, ќе придонесе за светот со нова шанса за заедничка корист


10 декември 2020


 

Петтата пленарна сесија на Деветнаесеттиот Централен комитет на Комунистичката партија на Кина одржана во октомври 2020 година, го разгледа и одобри четиринаесеттиот петгодишен план за национален економски и социјален развој и долгорочните цели од 2035 година. На сесијата беше посочено, дека целта за градење на добростоечко општество во сите погледи ќе биде реализирана, и од наредната година Кина ќе започне ново патување на сеопфатното градење на модерна социјалистичка земја. Оваа важна сесија може да се разбере од следните четири „нови“ перспективи, имено, нови развојни фази, нови развојни концепти, нови развојни обрасци и нови можности за развој. Тие не само што се директно поврзани со иднината на Кина, туку ќе имаат и големо влијание врз развојот на светот.

Прво, новата фаза на развој сигурно ќе промовира градење на заедница со заедничка иднина за човештвото. Во 2020 година Кина одговорно се справи со разни ризици и предизвици. Во спречувањето и контролата на пандемијата постигна големи стратешки резултати, со економското и социјалното закрепнување е во првите редови во светот. Се очекува годинашниот БДП да надмине 100 трилиони јуани. Изграден е најголемиот систем за социјално осигурување, кој покрива повеќе од 1,3 милијарди луѓе, а осигурувањето за старост опфаќа скоро 1 милијарда луѓе. Особено е, дека според сегашните стандарди, руралните сиромашни лица се извлечени од сиромаштијата, и може да се каже, дека економската моќ, научната и технолошката моќ исто така и целокупната национална сила на Кина се издигнуваат на ново ниво. Првата вековна цел за градење на умерено просперитетно општество во сите погледи е на прагот на постигнување, ќе започне ново патување за градење на социјалистичката модерна земја. Од следната година, Кина ќе се придвижи кон целта од вторите сто години, се планира во три фази да изгради моќна и модерна социјалистичиа земја, првата е во текот на 14-от Петгодишен план, втората е до 2035г. и до 2049 година, кога Кина воспоставува 100 години.

Влегувајќи во нова фаза на развој, Петтата пленарна седница на 19-от Централен комитет на Комунистичката партија на Кина  направи систематски план и стратешко распоредување за 14-от Петгодишен план, т.е. од 2021 до 2025 година, зацврстувајќи ја целта и тоа реализација на социјалистичката модернизација до 2035 година, кога БДП по глава на жител да го достигне нивото на умерено развиените земји, животот на луѓето да биде подобар, развој на луѓето да биде целокупен, и заедничкиот просперитет на сите луѓе да има поочигледен суштински напредок. Модернизацијата на Кина ќе оди по патот на мирен развој, и се придржува кон пријателска соработка помеѓу други земји врз основа на Петте принципи за мирен соживот. Размената и меѓусебното учење со другите земји од целиот свет ќе биде уште поактивно, нов вид на меѓународни односи ќе биде изграден одново. Кина ќе допринесе  повеќе за светот со своите мудрости, решенија и сили.

Второ, новиот концепт за развој ќе отвори нова соработка. Кина ќе се придржува кон пристапот, насочен кон луѓето, непоколебливо ќе ги имплементира новите развојни концепти на иновации, координација, зеленило, отвореност и споделување, водејќи ја Кина кон висококвалитетен развој и континуирано ќе ги задоволува растечките потреби на луѓето за подобар живот. Акцентот на новата фаза на развој е висококвалитетен развој, иновациите стануваат прва движечка сила, координацијата станува примарна одлика, а заштитата на зеленило станува универзално барање и отвореноста прераснува во единствениот начин за иднината, а споделувањето на заедничките успеси станува основна цел на развојот. Кина дефинитивно ќе се фокусира на висококвалитетен економски развој, ќе ги продлабочи технолошките иновации, ќе култивира нови извори на раст, ќе ја промовира меѓународната соработка, ќе ја зајакне координацијата на политиките, и ќе одржи фер и разумен меѓународен поредок и победничка развојна околина. Сето ова не само што ќе даде силен поттик за економскиот развој на Кина, но и ќе ја ослободи огромната побарувачка во светскиот економски развој.

Спроведувајќи го новиот концепт за развој, Кина ќе се отвори кон надворешниот свет на уште повисоко ниво и ќе ја промовира меѓународната соработка уште понапорно, со цел да ги реализира заедничката корист и добитни резултати. Неодамна, беше завршено 3-то Интернационално Експо на Кина и се оствари соработка во вредност од 72,62 милијарди американски долари, што претставува раст од 2,1% во споредба со претходната година. Освен ова, Кина е посветена да го промовира потпишувањето на „Регионален сеопфатен договор за економско партнерство“ со уште 14 други страни, исто така иницијативата „Еден појас и еден пат“ привлекува интерес од светските соработници и влегува во фаза на висококвалитетна заедничка конструкција. Без оглед на тоа како се менува меѓународната ситуација, основната национална политика на Кина за отворање кон надворешниот свет нема да се разниша. Тој понатаму ќе ја игра водечката улога во функционирањето на зоните за слободна трговија и пристаништата за слободна трговија, со цел да ја промовира изградбата на нов отворен економски систем на уште повисоко ниво и ќе продолжи да ги поддржува претпријатијата од сите земји во проширувањето на бизнисот со Кина.

Трето, новата шема на развој бара нова отвореност, одговорност и двигател. Изградена е нова шема за развој, која означува дека домашниот економски циклус ќе игра главна улога, а исто така ќе биде промовиран и ќе дејствува заедно со меѓународниот економски циклус. Тековната економска глобализација се соочува со спротивна струја, светската економија е слаба, а глобалниот пазар се намалува. Уште од 2008 година, кога имаше меѓународна финансиска криза, кинеската економија започна да се трансформира во домашен циклус. Во текот на промената, Кина се движи кон рангот на земји со високи примања, огромниот домашен пазар продолжува да се шири. Искористувањето на трендот за прилагодување на патот на економскиот развој, изградбата на нова шема за развој и проширувањето на домашната побарувачка, може да го ослободи огромниот и траен пазарен двигател. Стратешката основа на новата шема на развој е проширување на домашната побарувачка, деблокирање на националниот економски циклус, но тоа не е да се оди кон затворен домашен пазар, туку отворен домашен и меѓународен двоен циклус. Двата циклуса мора да се промовираат и надополнуваат едни со други и да се промовираат меѓусебно.

Како што истакна претседателот Ши Џинпинг во својот говор на општата дебата на 75-то Генерално собрание на Обединетите нации, „Ние не бараме да бидеме единствен победник, не се впуштаме во победнички ситуации, и исто така нема да ја затвориме вратата за соработка. Новата развојна шема, во која внатрешниот циклус е главно тело, и домашниот и меѓународниот циклус се промовираат еден со друг, ќе ни отвори нов простор за економскиот развој, и ќе даде поттик за закрепнување и раст на светската економија”. Кина цврсто ќе промовира отворена, инклузивна, избалансирана и добитна економија. Кина сака да создава добри услови за заеднички развој на целото човештво, да работи заедно да се елиминира сиромаштијата, да работи заедно да создадеме безгрижен живот за децата ширум светот, така што од плодовите од развојот да можат да имаат корист сите земји и сите да уживаат во просперитет и здравје.

Четврто, новите можности за развој ќе го оформат кругот на пријатели низ целиот свет. Развојот на Кина е сè уште во период со важни стратешки можности и предизвици. Од една страна, светот влезе во период на турбуленции, пандемијата со коронавирусот го предизвикува нивото на глобално справување, унилатерализмот сериозно влијае на меѓународните механизми, а менталитетот на Студена војна и политиката на моќ стојат околу нас. Од друга страна, мирот и развојот се уште се теми на времето, и мултилатерализмот е сè уште главен тек на меѓународните односи. Кина е готова да ја координира својата стратегија за подмладување на кинеската нација со големите промени, невидени во светот за еден век, се обидува прецизно да ги препознае промените, за да реагира научно и активно, да ги најде можностите во кризи, со цел продолжување на двете чуда – брзиот економски развој и долгорочната социјална стабилност.

Кина ќе ги искористи новите можности, да одговори на новите предизвици, и ќе создаде нови чуда за развој. Ќе ги координира развојот и безбедноста, ќе се придржува на меѓусебното почитување и доверба, ќе ги развива активно глобалните партнерства и ќе ги прошири конвергенциите на интересите кај сите страни. Може да се каже, дека ако Кина е подобра, и светот ќе биде подобар. Затоа што, Кина има 1,4 милијарди луѓе, БДП по глава на жител надмина 10 000 американски долари, а групата со среден приход има над 400 милиони луѓе. Се проценува, дека кумулативниот увоз на стоки во следните 10 години се очекува да надмине 22 трилиони американски долари, кое продолжително ќе ги подобрат моменталниот развој и виталноста на Кина, и ќе донесe уште повеќе можности за земјите ширум светот да ги споделуваат достигнувањата од висококвалитетниот развој на Кина. Затоа, Кина е должна да го држи знамето на мирот, развојот, соработката и заедничката победа, непоколебливо ќе го штити националниот суверенитет и безбедноста за развојот, и ќе го штити светскиот мир и заедничкиот развој.

Во моментов, пандемијата сè уште се шири низ целиот свет,  светската економија сè уште се соочува со рецесија. Според најновите прогнози на меѓународните институции како Организацијата за економска соработка и развој, Кина сепак ќе биде единствената голема економија, што ќе оствари позитивен раст оваа година. А до крајот на следната година, светската економија се очекува да се врати во оригиналното ниво пред избувнувањето на пандемијата. Според прогнозата, придонесот на Кина во светскиот економски раст во 2021 година се очекува да надмине една третина. Кинеската страна е подготвена да ја продлабочи соработката со другите земји во светот, за да даде уште поголем придонес во борбата против пандемијата и во економското закрепнување. Иако Народна Република Кина и Република Северна Македонија имаат различни национални услови и политички системи, под стратешко водство на лидерите од двете земји, меѓусебната доверба ќе се консолидира, прагматичната соработка ќе се унапредува. Да продолжиме да работиме заедно, во заедничката соработка „Еден појас и еден пат“ и соработката меѓу Кина-ЦИЕЦ (централно источни европски земји) со цел да создадеме подобро утре за билатералните односи меѓу Кина и Северна Македонија.

Колумна на Н.Е. Џанг Ѕуо, амбасадор на Народна Република Кина во Северна Македонија