Јанушев: Шест дена ВМРО-ДПМНЕ бара од оваа неодговорна Влада лидерска средба



Во изминатите денови неколкупати јавно побаравме од премиерот Заев за лидерска средба во врска со името. Шест дена ВМРО-ДПМНЕ бара од оваа неодговорна Влада лидерска средба. Шест дена се доволен период и за усогласување и на термините со лидерите и доволен период Заев да и објасни на јавноста што се случува со преговорите за името.

Очигледно се работи за нешто сосема друго и владата се обидува нешто да скрие од јавноста!

Но она што можеше да се види во изминативе денови е нескриен отпимизам од грчката страна и тврдењата на Заев дека имало „некакви“ креативни решенија, без да соопшти за што станува збор. Заев кажа дека биле утврдени некакви опции што би можеле да бидат прифатливи.Кои се тие опции, дали тоа значи дека веќе се договориле? Или тоа значи дека се што грчката страна побарала Заев се согласил? Дали тоа значат преговори за Заев?

Во речникот на Заев повеќе никаде не можеме да го слушнеме предизборниот став за непромена на уставот и референдум за решение за името кое би било прифатливо и за кое би требало да се произнесат граѓаните на Република Македонија.

Оттука нејасно е дали ова е се уште став на СДСМ и Зоран Заев кој го ветуваа предизборно пред граѓаните?

Очигледно се купува време и се наметнува впечатокот дека се работи за решение кое би било договорено и подоцна целокупната јавност и граѓани би биле ставени пред свршен чин, Во меѓувреме главниот брифер на информации во Македонија се грчките медиуми.

Потсетуваме дека Зоран Заев нема никаков монопол, никакво суверено право над ова прашање, особено не да одлучува во името на сите граѓани и сите политички субјекти за најважното прашање за сите Македонци.

Зоран Заев не смее да ја узурпира добиената позиција и да наметнува решенија за кои јавноста не е информирана.

Затоа со цел да се оттргнат сите сомнежи, и да се види што е тоа што го крие Заев и СДСМ бараме уште еднаш итна и неодложна лидерска средба каде освен носителите на преговарачкиот процес премиерот Заев и министерот за надворешни работи Димитров, би учествувале лидерите на политичките партии и претседателот на државата.

Владата не смее да ја држи државата, јавноста, граѓаните и медиумите во информативен мрак.  Потребен е сериозен и зрел пристап.


Научниците се уште не се согласни дали е можна инфекција со Ковид-19 од воздух - МИА
Вести

Преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус до сега се заразени 33.385.696 лица. Од последици од Ковид-19 починале 1.003.405 пациенти, а оздравеле 24.688.610 луѓе. – Во изминатите 24 часа во Косово се забележани три […]

Гордана Јанкуловска упатена во КПУ-Идризово за случајот „Тенк” - МИА
Вести

Гордана Јанкуловска упатена во КПУ-Идризово за случајот „Тенк”

Скопје, 28 септември 2020 () – Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, е упатена во КПУ – Идризово, за издржување на казната затвор од четири години како осудена во предметот „Тенк”, потврдуват за од […]

Вести

Адвокатите бараат ослободителна пресуда за Јанакиески за „Насилство во Центар“

– Адвокатите на поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески денеска во завршни зборови за предметот „Насилство во Центар“ побараа тој да биде ослободен од обвинение. Адвокат Димитар Дангов побара Обвинителството да го повлече […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*