ЈАНЕВСКИ: Ако треба ќе умреме, ама „Слушај го Филипче“ не го даваме!


Дарко ЈАНЕВСКИ

Во овие 30-тина години, бандата на СДСМ има два столба на делување: едниот е крадење, другиот е пропагандата и пропагандите фабрики со помош на своите регрути. Совршен концеп на создавање на држава на олигарси, на криминалци-политичари и на пропагадни војници, сите впрегнати во демонтирањето на оваа држава, од времето на економскиот пустош на папата Бранко, Рамковниот на Али Ахмети и неговото внесување во владата како политичар од западен ков (борец за слободи и права), а не терорист, па се до денешниот проект за Северна под мотото: „Името нема да ви ги храни децата“.

Тоа се тие регрути за кои на времето зборуваше Томислав Чокревски, а кои денес, легнати на странска цицка, а богами и на иновативна и Заева цицка, се бунат што и други закачиле од некоја таква цицка. Тоа се тие кои досега заради короната ќе лежеа по улици и ќе си вадеа делови од желудникот и џигерот фрлајќи ги тие делови по улица, ако министер беше оној мочлето што со „тико“ влезе во влада и кого го викаа „министер смрт“, а сега новопечен колумнисг, ама затоа како залиени молчат оти „Слушај го Филипче“ има по две–три прес конференции на ден, додека бројот на заразени рапидно расте, а ВМРО конечно дозна дека нема тестови, па затоа и нема работа освен да држи пресови. Тоа се тие за кои секоја критика била во ред, ама ако е добронамерна. А кој оценува што е добронамерна? Па самите тие, разбира се. Зашто се може да се дозволи, ама не и нешто да излезе надвор од Социјалистичкиот сојуз на работниот народ.

Целата колкумна процитајте ја на Денешен


Активни 3327 случаи со Ковид-19, апел да се почитуваат мерките без исклучок - МИА
Вести

Активни 3327 случаи со Ковид-19, апел да се почитуваат мерките без исклучок

Скопје, 11 август 2020 () – Во последните неколку недели во земјава се бележат трицифрени бројки на заразени од Ковид-19. И покрај мерките за носење маска и држење дистанца, како и воведените протоколи, епидемијата не […]

Вести

Партиите се уште без договор за ново парламентарно мнозинство и влада

Скопје, 11 август 2020 () – Лидерите на СДСМ и ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети, на вчерашната средба не постигнаа договор околу формирањето на нова влада, сепак, како што истакнаа, разговорите ќе се продолжат […]

Британски експерт смета дека коронавирусот ќе циркулира најмалку до 2021 година - МИА
Вести

Уште 109 случаи со КОВИД-19, еден починат и 422 оздравени

Скопје, 10 август 2020 () –  Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 762 тестирања, а регистрирани се 109 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје-20, Куманово-16, Штип-13, Прилеп-1, Тетово-3, Струга-2, Велес-4, […]