Израелскиот амбасадор Дан Оријан во посета на ИДКНА


 Израелскиот амбасадор Дан Оријан и почесниот конзул на Израел Градимир Шумковски вчера имаа средба со директорот на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците (ИДКНА) Скендер Асани и неговиот тим, на која, како што информираат, било разговарано за досегашните достигнувања и идни планови на Одделот за холокауст образование и истражување.


 

Асани, се вели во соопштението, за време на сребдата посочил дека иако во изминатата година амбасадорот Оријан не можел редовно да ја посетува нашата земја поради пандемијата, сепак со негова поддршка биле остварени неверојатни и многу успешни проекти заедно.

На средбата, стои во соопштението од ИДКНА, било разговарано за изминатите години, отварањето на Одделот за холокауст образование и сите досегашни успешни проекти, како и на проширување на поддршката и партнерството меѓу ИДКНА и Универзитетите во Израел.

Од страна на Амбасадорот Дан Оријан била искажана поддршка за продлабочување на научната мисла и партнерство со едни од најпрестижните универзитети во Израел, Бар Илан Универзитетот и Хаифа Универзитетот, со што, се вели во соопштението од ИДКНА, било посочено дека од негова страна ќе бидат преземени чекори за доближување на нашите институции на уште повисокот ниво.