Илинден прогласен за Ден на македонско-американското наследство во Вашингтон



Илинден прогласен за Ден на македонско-американското наследство во Вашингтон - МИА

Вашингтон, 7 август 2020 () – Американската престолнина денеска објави прокламација со која 2 август се прогласува за Ден на македонско-американското наследство во Вашингтон.

Прокламацијата е донесена по иницијатива на Обединета македонска дијаспора (ОМД), организација на иселениците Македонци кои живеат и работат во САД, и потпишана од градоначалничката Мјуриел Бaузер.

-Иако беше побарано уште пред еден месец, од нејзината канцеларија се извинија што малку задоцнија, поради зафатеност околу вонредната ситуација со Ковид-19 во САД, изјави за Мето Колоски, претседател на ОМД.

Македонците во Вашингтон и насекаде низ земјата, вели тој, се посебно горди за признанието што го дава една од најважните политички институции во Америка, главниот град на САД.

-Додека, македонските Американци имаат богато и традиционално искуство во уметноста, архитектурата, поезијата, музиката, и танците; и додека, македонските Американци прават вредни придонеси во многу аспекти на животот вклучително и во бизнисот, правото, медицината, образование, технологија, влада, воена служба, спорт, и култура; и

-Додека, многумина Македонци се истакнати лидери и јавни службеници кои придонесуваат кон богатството на разновидноста на нашата култура, и изразуваат гордост за нивното богато наследство; и додека, денес, Обединета македонска дијаспора и македонско американската заедница го слават Илинден, важен празник кој што го празнува храбриот, иако неуспешен обид за ослободување на Македонците, и создавање на првата демократска република во југоисточна Европа; и

-Додека, македонските Американци се придружуваат на заложбите за мирно и разновидно општество каде секој поединец е третиран еднакво: Сега, затоа, јас, градоначалничката на Вашингтон, го прогласувам 2 август 2020, во Вашингтон, како „Ден на македонскоамериканското наследство“, се вели во прокламацијата.


Вести

Протест за декриминализација на марихуаната пред Основниот кривичен суд во Скопје

Протест за декриминализација на марихуаната и поддршка на активистот Филип Достовски се одржа денеска пред зградата на Основниот кривичен суд во Скопје. Претседателот на здружението Зелена национална агенда за Македонија – ЗНАМ Огнен Узуновски, рече […]

Седум нови случаи со Ковид-19 во Пијанец и Малешевијата - МИА
Вести

Нови 152 случаи на Ковид 19, починале две лица

Во последните 24 часа се направени 1630 тестирања, а регистрирани се 152 нови случаи на Ковид-19, починале две лица, додека оздравени се 126 пацинети, соопшти денеска Министерството за здравство. Од новите случаи најмногу има во: […]

Вести

МОН со последни подготовки пред стартот на учебната година, за СОНК има недостиг на технички средства

– Анализите направени од Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) покажуваат дека голем дел од училиштата немаат обезбедено технички средства за следење на онлајн настава, но од Министерството за образование и наука уверуваат дека […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*