Или го поддржуваш тоа што е потребно за придвижување кон ЕУ или си против, вели Агелер

ustav
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Американската амбасадорка Анџела П. Агелер нагласува дека движењето на Северна Македонија на патот кон Европската Унија има временска рамка, поставена од самата Унија, односно одржување на следната меѓувладина конференција, во ноември, но со усвоени уставни измени. Таа во интервјуто за МИА се осврнува на уставните измени, можноста за обезбедување на двотретинско мнозинство, но и на барањата на опозицијата за предвремени избори, а потоа да се размислува за измени на Уставот.

Агелер нагласува дека или се дава поддршка или се зазема став против за она што е потребно за придвижување на земјата кон ЕУ.


-Знам и дека има такви надвор од оваа земја, а и во земјава, кои би сакале да му наштетат на тој процес на придвижување напред, а постои и временска рамка со Европската унија, како и следната меѓувладина конференција, која е важна и доаѓа во ноември, така што и тоа е дел од разговорот. Не сум убеден во тоа, но има и такви кои велат дека не ги поддржуваат уставните измени, освен ако нема предвремени избори па потоа ќе ги поддржат. Мислам дека или поддржуваш да се направи она што е потребно за придвижување кон ЕУ или си против. И повторно се надевам дека оние, во која било партија, кои се грижат за иднината на оваа земја ќе ги донесат одлуките за да се продолжи напред и ќе ги преземат активностите што се неопходни за придвижување кон ЕУ. Сега дали тоа значи предвремени избори или не, дали ќе се случат следната пролет, не можам да предвидам, но ќе видиме што ќе се случи, а верувајте ми, гледаме многу внимателно, вели Агелер.

Таа истакна дека е факт дека граѓаните на оваа земја направиле тежок избор и донеле тешки одлуки за промената на името.

-И тоа беше нешто што ако ме прашавте пред да заминам во 2013 година, дали земјава би го направила тоа, немаше да верувам во тоа. Луѓето разбираат дека има тешки одлуки што треба да се донесат. Но, вие сте апсолутно во право, самото тоа што имате цел не значи дека ја постигнувате. За тоа е потребна акција, а во овој случај потребна е уште една уставна промена. Знам дека луѓето се уморни од тоа, но во исто време сакаат да бидат и во Европската унија, бидејќи ги препознаваат огромните придобивки од отворањето на тие врати кон Европската унија и кон евроатлантските интеграции, нагласува американската амбасадорка.

Таа додава дека е потребна уште една тешка одлука и изрази надеж дека лидерите на сите политички партии ќе ги остават настрана нивните разлики и едноставно ќе постапат во најдобар интерес за земјата и за нејзината иднина

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK