Хрватски приоритет е во јуни да биде поставена преговарачката рамка за Северна Македонија


Хрватски приоритет е во јуни да биде поставена преговарачката рамка за Северна Македонија - МИА

Скопје, 22 мај 2020 () – Премиерот Оливер Спасовски денеска имаше средба со амбасадорката на Република Хрватска во Република Северна Макеоднија, Нивес Тигањ, на која била истакната исклучително добрата билатерална соработка меѓу двете земји кои ги поврзуваат традиционално добрите односи и врски на широк план.

На сребата, било посочено, дека добрата соработка особено дојде до израз во актуелниот период кога Хрватска претседава со ЕУ и го организираше самитот Западен Балкан и ЕУ Загреб 2020 на кој беше уште еднаш потврдено дека регионот е составен дел на Европа и геостратешки приоритет за Европска унија.

Амбасадорката Тигањ, се вели во соопштението од владината прес-служба, го информирала премиерот Спасовски дека Хрватска, како уште еден приоритет за време на нејзиното претседавање со ЕУ, доставила допис до Европската Комисија дека во јуни треба да биде поставена преговарачката рамка за Северна Македонија со што ќе се отвори патот за првата меѓувладина конференција која треба да го означи почетокот на преговорите по поглавја за заокружување на процесот за членство на земјата во ЕУ.

Премиерот Спасовски се заблагодарил за големиот придонес и поддршката што ги прави Хрватска за Северна Македонија во процесот на нејзините аспирации за членство во ЕУ, што е одраз и на длабокото и долготрајно пријателство меѓу двете земји и нивните народи.

Тој, исто така, ја оценил како исклучително важна иницијативата на Хрватска да се забрза потпишувањето на договорот за членство на Северна Македонија во Фронтекс со што значително ќе се зајакнат безбедносните капацитети на границата, за која на средбата извести амбасадорката Тигањ и која информираше дека овие денови хрватскиот контингент полициски службеници на нашата јужна граница ќе биде заменет со нов состав.

Премиерот Спасовски, се вели во соопштението, на средбата потенцирал дека сите прашања од особено значење за Северна Македонија, за кои Хрватска во овој период даде поттик и поддршка да се решат во најдобар интерес на земјата, треба да се заокружат во услови на функционални институции формирани врз основа на волјата на граѓаните на избори, за кои нагласи дека е од исклучителна важност да се одржат во првиот можен рок, односно дека датумот на изборите го определува Уредбата со законска сила со која што изборните дејствија се ставија во мирување и која утврдила дека изборните рокови продолжуваат во моментот кога ќе престане вонредната состојба.


Здравствените власти апелираат пациентите да кажуваат точни податоци и да се почитуваат препораките - МИА
Вести

Од новите 165 случаи на КОВИД-19, 71 заразен во Скопје

Скопје, 3 јули 2020 () – Од регистрираните нови 165 случаи на КОВИД-19 во државата, согласно денешните податоци на Институтот за јавно здравје, најголемиот број, 71, се од Скопје. Според статистиката на Министерството за здравство, […]

Британски експерт смета дека коронавирусот ќе циркулира најмалку до 2021 година - МИА
Вести

Нови 165 случаи на Ковид – 19, седум починати, 128 оздравени

Скопје, 3 јули 2020 () – Во последните 24 часа се направени 1.454 тестирања, а регистрирани се 165 нови случаи на КОВИД-19 од кои во Скопје-71, Куманово-15, Дебар-1, Штип-10, Прилеп-5, Тетово-20, Струга-3, Велес-1, Битола-3, Охрид-10, […]

Излез од државата само со потпишана изјава, за влез неопходен корона тест - МИА
Вести

Границите со Србија и Косово засега остануваат отворени

Скопје, 3 јули 2020 () – Владата нема добиено препорака од Комисијата за заразни болести, ниту има донесено одлука за затворање на границите со Србија и Косово, потврди денеска премиерот Оливер Спасовски. Во моментов останува […]