Груби – Тицињски: Успешно сработени ЕУ задачи во Собранието 


Претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието на РМ Артан Груби, денеска се сретна со полскиот амбасадор во Македонија Војчех Тицињски, соопштуваат од Комисијата за европски прашања.

На средбата, Груби го потенцираше значењето на заокружување на решението на прашањето за името со Република Грција, по објавувањето на ратификуваниот договор во Службениот весник на земјата. Исто така, информираше за сработените задачи што Собранието ги направи неодамна, како што е донесувањето на Законот за борба со корупција и судирот на интереси,  реформите во безбедносниот сектор и законите од областа на правосудството, што го поминаа првото читање и се во Собраниска процедура.

Како значаен чекор напред, во исполнувањето на политичките критериуми за влез во Европската унија, Груби го посочи и влегувањето во сила на Законот за употреба на јазиците, со што се заокружи имплементацијата на ОРД, што е во насока на подобрување на правата на албанците во државата.

Од Комисијата за европски прашања информираат дека Амбасадорот го повторил ставот на Полска, во однос на прашањето за проширувањето на ЕУ, дека ги поддржува политиките на проширување и оти земјите од Западен Балкан треба да се приклучат во ЕУ. За претстојниот самит, што во рамки на Берлинскиот процес, годинава, ќе се оддржи во Полска, изрази надеж оти ќе се испрати сигнал дека Западниот Балкан наскоро ќе биде во ЕУ и во таа насока ќе се фокусира на промовирање на стабилност, економски развој, зголемување на животниот стандард и економска соработка и безбедност.

Во однос на поддршката за Македонија на патот кон ЕУ и Нато, истакна дека таа нема да изостане, и дека двете земји имаат одлични односи на сите полиња. Во тој контекст го поздрави значителното зголемување на стопанската размена по 2016 година, како и директната линија меѓу Скопје и Варшава.

Заедничка констатација беше дека на земјата и претстојат многу обврски, што ќе произлезат по почетокот на преговорите по поглавјата, при што беше истакнато дека преговорите, во врска со земјоделските политики, се едни од најтешките и најобемните, за што Полска е подготвена да даде секаков вид на поддршка, се наведува во соопштението.

Вести

Армијата на Република Северна Македонија го одбележува 27-от роденден

– Во Армискиот центар за обука на вода во Охрид, денеска, ќе се одржи централната свеченост по повод 18 Август – Денот на Армијата на Република Северна Македонија. На свечената церемонија на 27-от роденден на […]

Балкан

Шпански туристи тероризирани од сопственик на ресторан кај Химара (ВИДЕО)

Албанската телевизија „Репорт“ објави екслузивно видео снимено од шпански турсти, кога сопственик на угостителски објект во Порто Палермо, кај Химара, се качил на хаубата на нивното комбе во движење и се обидел да се пресмета […]

Вести

Пациентот со западнонилска треска на Инфективната клиника и натаму во тешка состојба

Шеесет и шестгодишниот пациент заразен со западнонилска треска, кој е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести во Скопје се уште е во тешка здравствена состојба со манифестација на централниот нервен систем, изјави за МИА директорката […]