Груби-Брегу: Регионалната соработка е шанса за побрза интеграција во ЕУ


Груби-Брегу: Регионалната соработка е шанса за побрза интеграција во ЕУ - МИА

Скопје, 21 септември 2020 () – Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби денеска оствари средба со генералната секретарка на Советот за регионална соработка, Мајлинда Брегу, на која се согласија дека регионалната соработка е од суштинско значење во однос на интеграцијата на земјата во Европската Унија, оценувајќи дека се потребни додатни резултати во тој план, што е важен предуслов за стабилноста и напредокот на регионот.

Од Кабинетот на Груби посочија дека на состанокот првиот вицепремие разговарал и за состојбата во земјата но и во регионот, како и за унапредувањето на добрососедските односи, за што, како пример ги зеде договорите што ги постигна Република Северна Македонија со Бугарија и Грција.

– Брегу му пренесе на Груби дека во фокусот на активностите на Советот за регионална соработка е важноста на меѓусебната поврзаност на регионот и потребата за интеграција на економиите на заеднички пазар и истакна дека Советот е подготвен да им помогне на земјите од Југоисточна Европа во процесот на европска интеграција, информираа од Кабинетот на Груби.

 


Вести

Словачка ќе ги тестира сите граѓани постари од 10 години

Словачка планира да ги тестира сите граѓани на возраст над 10 години за коронавирусот во следните два викенда, соопшти премиерот Игор Матович на денешната прес-конференција, додавајќи дека тоа е проект кој владата го подготвувала последните три недели. Сè […]

Вести

Историчарите со мали поместувања напред, но засега без договор за Гоце Делчев, Заев верува во решение преку взаемно почитување

– По два дена разговори во Скопје македонските и бугарските историчари не постигнаа напредок во однос на Гоце Делчев, кој и понатаму останува пречка на сопнување. Има нови предлози и идеи за кои засега не […]

Вести

Нови предлог-мерки за заштита од Ковид-19, откако бројот на новозаболени стана загрижувачки

– Поради високата стапка на новозаболени од Ковид-19, Комисијата за заразни болести вчера донесе нови предлог-мерки со кои се забранува организирање на настани, се скратува работното време на сите економски субјекти до 23 часот, и […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*