Главниот ревизор Адем Цури во работна посета на Финска


Висока делегација од Ревизорското тело за ревизија на ИПА фондовите од Република Северна Македонија денеска оствари работна посета на Хелсинки, Финска.

За време на посетата главниот ревизор Адем Цури кој ја предводи делегацијата и членовите Лиман Мухаджири, заменик-главен ревизор и Иван Игњатов, помошник-главен ревизор, имаа средби со директорот на Ревизорското тело за ревизија на ЕУ фондови Кари Рувинен, директорот за финансиска ревизија Јари Санаскоски и советникот за економски прашања во Претставништвото на Европската комисија во Хелсинки, Веса Пека Путанен.

На средбите се дискутираше за ревизорскиот пристап и методологијата за ревизија на фондовите на ЕУ и следните чекори за натамошно зајакнување на меѓуинституционалната соработка, како и улогата на Финска како нов претседавач со Советот на ЕУ и афирмациите на Република Северна Македонија за добивање статус на полноправна членка на ЕУ.

Вести

ЈО ги презеде предметите од СЈО

\Јавното обвинителство на Република Северна Македонија ги презеде предметите од Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите. По преземањето, како што соопшти Обвинителството, предметите се […]

Вести

Собранието утре ќе расправа за разрешувањето на Јанева

Претседателот на Собранието Талат Џафери за утре во 13 часот ја закажа собраниската седница на која единствена точка е разрешувањето на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. На 5 септември Комисијата за избори и именувања зад […]

Вести

Јовески: До крајот на денот треба да заврши преземањето на предметите од СЈО

Изутрината е почнат процесот на преземање на предметите од надлежност на СЈО во надлежност на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија и очекувам до крајот на денот процесот на преземање на предметите да заврши, изјави […]