Германското МНР не го коментира бугарскиот меморандум, но вели историјата нека им остане на историчарите


Германското МНР не го коментира бугарскиот меморандум, но вели историјата нека им остане на историчарите - МИА

Скопје, 18 септември 2020 () – Германското Министерство за надворешни работи одбива директно да го коментира бугарскиот меморандум за преговорите на Северна Македонија со ЕУ, но вели дека останува валидна формулата на премиерите Зоран Заев и Бојко Борисов, според која историјата треба да им се остави на историчарите.



Ваков одговор од германското Министерство за надворешни работи добиле од Дојче веле на прашањето за коментар на бугарскиот меморандум.

Одговорот, според Дојче веле, е всушност упатување на интервју на директорката на одделението за Западен Балкан во германското МНР, Сузане Шулц за Балкан Инсајт од август годинава.

-Обете земји треба да ги решаваат отворените прашања во рамките на билатералниот договор, односно во комисијата на историчарите, рекла тогаш Шулц и додала дека очекува претстојното копретседателство на двете земји со Берлинскиот процес да биде уште една можност да се надминат билатералните недоразбирања.

Германската амбасадорка во Северна Македонија, Анке Холштајн, пак, денеска во интервју за Радио слободна Европа порача дека, според мислењето на нејзината, но и на други земји-членки на ЕУ, „билатералните спорови не треба да се ставаат во преговарачката рамка, туку треба да се реашаваат билатерално“.

Во интервју за германското радио Дојчландфунк, вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров порача дека е невозможно воопшто да се преговара за македонскиот јазик.

-Во меморандумот, како и претходно, Бугарија инсистира дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот и бара тој посебно да се одбележи во сите документи на ЕУ. Македонскиот јазик е наше прашање и не треба да биде прашање на признавање од било која друга земја. Не во Европа во 21 век. Пријателството мора да биде базирано врз признавање на правото на самоопределување на денешните генерации, но исто така и на хероите од минатото кои се важни и за Бугарија и за нас, рече Димитров за Дојчландфунк.

Тој додаде дека е невозможно некој да го спори правото на самоизразување и самоопределување.

-Правото да се изразите на својот јазик значи самоопределување. Македонскиот јазик е во центарот на она што сме. Тој е камен-темелник на нашиот идентитет, потенцира Димитров.


Вести

Регистрирани 1.093 новозаразени, починаа 28 лица

Денеска се регистрирани 1.093 нови случаи на Ковид 19. Оздравеле 819 пациенти, а починаа 28 лица. Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3084 тестирања, а регистрирани се 1093 нови случаи на […]

ДКСК: Државните активности да се не мешаат со партиските во изборниот период - МИА
Вести

ДКСК: Поголем дел од претседателите на основните судови не поднеле анкетни листови

– Антикорупциската комисија на денешната седница разгледа 18 предмети за претседатели на основи судови и по извршената проверка за следење на имотната состојба и судир на интереси согласно годишната програма за работа,  утврди дека голем […]

Вести

Во ковид – центрите во Скопје за 24 часа хоспитализирани 42 пациенти, вкупно се лекуваат 463

– Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје хоспитализрани се 42 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 463 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*