Герасимовски: Нова сала за „Работнички“ по завршување на судскиот процес



ript>

„Работнички“ е бренд на Центар, тоа е бренд на градот и мораме да направиме добри услови за спортот за клубот и конечно да се направи онаа нова зграда по решавање на судскиот спор за земјиштето, рече Горан Герасимовски кандидат за градоначалник на општина Центар од СДСМ и Коалицијата во вчерашната дебата во емисијата „Објектив“ на МРТ.


 

Проблемот со „Работнички“ појасни Герасимовски е во тоа што салата е на приватно земјиште коешто е продадено во време на ВМРО-ДПМНЕ за многу ниска цена и за кое што има судски спор. Притоа Герасимовски и забележа на Котлар дека на телевизија и со флаери излегува со ветување дека на истото земјиште ќе има нова сала која е невозможно ниту да се реконструира додека трае судскиот спор.

„Во моментов каде што се наоѓа истата, просторот е мал. Додека не заврши судското рочиште нема услови и можности за да се изгради истата. Има стандарди каков треба да биде теренот, трибини, соблекувални и се останато, а тие нудат на истото место нова сала и сакам да слушнам како ќе ја направат кога не е возможно. Ние сакаме утре да ја направиме дали со јавно приватно партнерство, дали со кредит уште утре да почне истата, а сум сигурен дека ако биде возможно дека досега ќе била направена“, изјави Герасимовски на МТВ.

Тој рече дека и тие имаат ветување за нова сала на „Работнички“ но реално, откога ќе заврши судскиот спор затоа што не може да се вети нешто за што нема сигурност дека ќе биде исполнето. Се додека трае судскиот спор, изградба на нова сала е невозможна, потенцираше тој. Исто така салата сега нема ниту услови за реконструкција појасни Герасимовски поради што ракометарите играат на Кале.

„Израснати сме со клубот, израснати сме на трибината и знаеме многу добро во срцето го носиме што значи Работнички и навивачката група Сити Парк Боус. За да говорат за „Работнички“ за клубот и како ќе функционира мислам дека треба прво да се информираат“, рече Герасимовски.

Притоа тој истакна дека судското рочиште според неговите информации е при крај и тој е оптимист дека истото ќе биде во полза на општината, дека тој простор ќе може да се преземе и на цела површина да биде направена една модерна сала којашто ќе биде пример каква што доликува за еден шампион, како еден клуб којшто е бренд на општината и бренд на градот.