Герасимовски: Независно тело од архитекти ќе одлучува за градбите во Центар



ript>

Во општина Центар Урбанизамот е највисоко на листата приоритети за кои мора да се најдат решенија, изјави денеска Горан Герасимовски, кандидатот за градоначалник на Центар поддржан од СДСМ и Коалицијата.


 

Тој уште еднаш повтори дека нема да дозволи ниту една педа од државното земјиште да биде злоупотребено и за тоа ќе се бори со сите сили. За тоа и ќе оформи тело на незвисни ченови кои во иднина ќе одлучуваат за градбите во општината.

„За да ставиме крај на оваа практика јас и мојот тим ќе оформиме посебно тело составено од архитекти урбанисти кои ќе даваат насоки како и каде треба да се постапува со колкави градби. Но најважното е што во ова тело нема да има ниту еден партиски член, ниту еден припадник на било која политичка партија затоа што нема да дозволам да има ниту една дамка, ниту било каков притисок кој се однесува на урбанизација. Мојот принцип е целосно транспарентно отворено заедно со граѓаните и со стручните луѓе да изнаоѓаме подобри и поквалитетни решенија кои ќе го подобрат функционирањето на сите. Само така ќе ја вратиме довербата на граѓаните и ќе постапуваме по нивните сугестии и предлози “, изјави Герасимовски.

Герасимовски рече дека ова тело ќе биде составено од стручни луѓе за да докаже дека заедно транспарентно ќе ја гради општината која ќе биде убаво место за живеење за сите жители.

„И јас сум центрец и јас како и вие сакам да живеам во убава урбана општина во која нема висококатници. Затоа и ќе ги направиме ревидирањата на ДУП-овите се со цел да направиме поубави услови за живеење и јавен простор за граѓаните кои живеат овде но и оние кои не посетуваат“, изјави Герасимовски.

Притоа тој најави и повеќе сообраќајни решенија кои вклучуваат повеќе еднонасочни улици и пешачки зони. Граѓаните во Центар но и во државата воопшто мора да ги менуваат перцепциите и начинот на функционирање со повеќе пешачења и со повеќе возење на велосипеди. Овие навики според Герасимовски ќе допринесат за подобрување на условите за возење во строгиот центар на градот.

„Јас силно ќе се заложам за ова бидејќи Центар мора да се движи напред со конкретни проекти кои даваат резултати“, рече Герасимовски.