Форум „Одбрана на европските вредности во процесот на пристапување“



„Одбрана на европските вредности во процесот на пристапување“ е тема на Форумот на граѓанското општество што ќе се одржи денеска и утре во Младинскиот културен центар во Скопје.


 

На форумот ќе учествуваат стотина активисти за заштита на човекови права од регионот на Западен Балкан и Турција. Организатори на настанот се Civil Rights Defenders, а според најавата, предвидени се обраќања на министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и на амбасадорката на Шведска во Скопје, Кристин Форсгрен Бенгстон.

Во текот на двата дена ќе се бидат одржани серија панел дискусии и работилници, на кои учесниците ќе споделуваат искуства и ќе дискутираат како да се искористат евроинтеграциските процеси за остварување на  целите на одбрана на човековите права, кои се клучните предизвици поврзани со владеењето на правото и на кој начин можат да ја осигураат својата безбедност во услови на засилен пораст на популистички закани.