Формирање на Форум на пензионери, црвената да биде партиска боја – Заев најави промени на статутот во СДСМ


Партискиот претседател да се бира на внатрепартиски избори, целосна родова еднаквост, форумот на жени и СДММ да се воведат како трајни партиски тела, формирање Форум на пензионери, црвената станува партиска боја. Ова се дел од измените на статутот кои денеска ги најави претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев за време на обраќањето на 25. партиски Конгрес.

„СДСМ е првата партија во нашата држава која на следниот Конгрес својот претседател ќе го бира на директни внатрепартиски избори, непосредно, секој член ќе може да гласа и дирекнто да одлучува кој и како ќе ја води партијата. Првите вакви избори е планирано да се одржат веќе следната година, кога истекува мандатот на ова раководство. Со предлог измените кои денеска се пред делегатите воведуваме родова еднаквост меѓу мажите и жените, во органите на партијата. За прв пат во историјата на партијата, Форумот на жени на СДСМ и Социјалдемократската младина на Македонија се регулираат како трајни и статутарни форми на организирање, чие постоење не зависи од политичката волја на моменталното раководство. Претседателите на Форумот на жени и на СДММ ќе учествуваат во работата на извршните органи, со право на глас. На сите нивоа, државно, градско и општинско. За првпат, СДСМ ќе добие и Форум на пензионери“, рече Заев.

Статутарните измени предвидуваат и зајакнувања на капацитетите и овластувањата на Форумот на жени, Социјалдемократската младина на Македонија, Организациониот секретар, Секретарот за меѓународна соработка, како и Комисиите на партијата.

На овој Конгрес, рече Заев, СДСМ ја впишува црвената боја, како своја боја – тоа е бојата на социјалдемократијата, на победата, на левицата, бојата на слободата, бојата на животот, тоа е бојата на македонската иднина.

„Новит лик на СДСМ не се случи преку ноќ – заедно, напорно работевме сите наши членови, годините наназад и успеавме. Имаме силен СДСМ, динамичен, моќен, цврст, стабилен, прогресивен. Тоа е нашиот бренд. Цврст, моќен и прогресивен СДСМ, партија и организација која ги следи најновите европски патокази на Европската социјалистичка партија“ посочи Заев.

Претседателот Заев истакна дека измените на Статутот ја прават СДСМ уште поодговорна и поевропска партија и изрази уверување дека предложените измни ќе бидат усвоени.

„Преку овие измени на Статутот СДСМ станува уште поодговорна, уште поевропска и помодерна партија посветена на реалзиација на мерки и политики што значат подобра иднина за сите. Очекувам дека низ плодна, аргументирана дебата тие ќе бидат усвоени од страна на Конгресот. Би сакал да се заблагодарам на Прогрес Институтот за Социјална Демократија за помагањето на работната група при изготвувањето на статутарните промени, а со тоа и на нашите партнери, Меѓународниот Центар Олоф Палме од Шведска.“заклучи Заев.


Вести

Можноста за онлајн изјаснување на пратениците на пленарна седницата

– И покрај различните ставови на владејачкото мнозинство и опозицијата, предлог дополнувањето на Деловникот за работа на Собранието, по скратена постапка, се најде на дневен ред на 22. седница кој треба да започне денеска. По […]

Двајца починати и 152 новозаразени со Ковид-19
Вести

1.288 новозаразени од Ковид-19, починаа 39 лица

– Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3349 тестирања за Ковид-19, при што се регистрирани 1288 нови случаи на заразени со коронавирусот. Во изминатото деноноќие починале 39 лица, а оздравеле […]

Вести

Граматика на македонскиот јазик за дијаспората

Во издание на Агенцијата за иселеништво на Република Северна Македонија, обајвена е Граматика  на македонски јазик  со практични вежби за дополнителна настава на македонски јазик во странство. Граматиката  е  изработена од три професорки кои предаваат […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*