Филипче: СЗО донираше маски, очила, заштитни наметки и ракавици на Инфективната клиника


Филипче: СЗО донираше маски, очила, заштитни наметки и ракавици на Инфективната клиника - МИА

Скопје, 24 јули 2020 () – Благодарност до Светската здравствена организација која во рамките на Солидарити фондот, донираше лична заштитна опрема за здравствените работници на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, објави денеска на својот ФБ профил министерот за здравство Венко Филипче.



Пратката содржи 293.700 парчиња опрема за лична заштита, односно 65.000 медицински маски, 122.000 N95 заштитни маски, 5.200 очила, 10.500 заштитни наметки и 91.000 ракавици, а вредноста на донацијата изнесува 305.000 американски долари.