Филипче со апел до медиумите да не објавуваат непроверени информации за бројот на заболени


Филипче: При секое излегување надвор строго да се придржуваме до мерките за лична заштита - МИА

Скопје, 6 јуни 2020 () – Министерот за здравство Венко Филипче попладнево упати апел до медиумите да не објавуваат непроверени информации за бројот на заболени од КОВИД-19.

– Деновиве голем број на медиуми уште рано наутро објавуваат неофицијални и речиси секогаш неточни информации за бројот на новозаболени. Од самиот почеток на оваа криза лично јас и целиот мој тим за односи со јавноста сме ваш партнер. Веќе 100 дена навремено, прецизно и транспарентно ја известуваме јавноста. Ги соопштуваме сите детали за новозаболените од Ковид-19, се со цел медиумите да имаат точна информација. Уште еднаш ги замолувам медиумите да престанат да изнесуваат шпекулативни и непроверени информации околу бројот на заболени лица од Ковид-19. Ги молам да ја зачуваат својата улога и задача која ја имаат кон јавноста за навремено, точно и проверено известување, напиша Филипче на Фејсбук.

Непримерно е, вели Филипче, во ситуација кога имаме секојдневно заболени и секојдневно известуваме и за секоја најмала промена, да се шпекулира со податоци токму од страна на оние кои треба да обезбедат прецизна информација за јавноста.

– Со тоа се внесува конфузија кај населението и недоверба во институциите, а искрено верувам дека ова не е целта. Објавувањето број на новозаразени со Ковид-19 од страна на медиумите не смее да биде трка на ексклузивитет, затоа што станува збор за чувствителни информации за здравјето и животот на граѓаните. Објавувањето на вакви непроверени информации е уште повеќе несфатливо затоа што Министерството за здравство редовно ги објавува сите информации, а доколку има промени и по неколку пати во денот. Сите прашања на новинарите се одговараат постојано и на дневно ниво. Искрено се надевам дека оваа пракса ќе престане, а ние ќе продолжиме со навременото и точно информирање, вели Филипче во својот статус на Фејсбук.


ДКСК отвора предмет за паричната помош за здруженијата и фондациите за справување со кризата од коронавирусот - МИА
Вести

ДКСК отвора предмет за паричната помош за здруженијата и фондациите за справување со кризата од коронавирусот

Скопје, 10 јули 2020 () – Државната кмоисија за спречување корупција на денешната седница одлучи да отвори предмет за владината парична помош на здруженијата и фондациите како дел од мерките за справување со кризата од […]

Вести

Новозаболени 205 лица од Ковид, починати шестмина, 336 оздравени

– Највисоки бројки на новозаболени регистрира денеска Министерството за здравство. Во последните 24 часа евидентирани се 205 нови случаи од кои повторно најмногу во Скопје. Оздравени се 336 пациенти, а починати се шест пациенти. Тројца починати […]

Можно е преземање мерки на границите за соседите при влез во државата - МИА
Вести

Владата изработи насоки за влез и транзит низ земјава за државјани на Србија, Косово, Црна Гора и БиХ

Скопје, 10 јули 2020 () – Владата на предлог на Министерството за внатрешни работи во соработка со министерствата за здравство и за надворешни работи изработи насоки за начинот на транзит и на регулиран привремен или […]