Филипче: Носам маска и го штитам јавното здравје


Филипче: Дел од стратегијата е двојно зголемување на бесплатните сезонски вакцини против грип - МИА

 Носам маска затоа што се грижам за моите блиски, затоа што ги почитувам здравствените работници и го штитам јавното здравје, порачува министерот за здравство Венко Филипче на својот фесјбук-профил.


 

– Носењето заштитна маска е засега наједноставен и најсигурен начин да се спротивставиме на пандемијата. Секој од нас има одговорност, напиша Филипче.

Апелира до сите граѓани да ги почитуваат мерките за заштита од КОВИД-19.