Филипче – Ханеда: Се реализира грант за набавка на медицинска опрема во неколку јавно-здравствени установи


Филипче – Ханеда: Се реализира грант за набавка на медицинска опрема во неколку јавно-здравствени установи - МИА

Скопје, 18 септември 2020 () – Министерот за здравство Венко Филипче, денеска оствари средба со Амбасадорката на Јапонија во Република Северна Македонија Кеико Ханеда, по повод реализацијата на грант за медицинска опрема во неколку јавно-здравствени установи.


 

Со овој грант, соопштија денеска од Министерството за здравство, дополнително ќе се зајакнат капацитетите во установите. Процесот на реализација е во тек, а, како што се најавува, ќе се финишира во наредниот период.

– Јапонија е нашиот голем и искрен пријател. Се заблагодарувам за целокупната поддршка овие изминати години во осовременување и унапредување на здравствениот сектор. Тие се со нас и во овие моменти кога се справуваме со пандемијата предизвикана од Ковид-19. Во месец јуни, преку итна неповратна помош, од амбасадата на Јапонија во партнерство со УНОПС го добивме лекот „Авиган“ наменет за 100 пациенти заболени со ковид-19, нагласил министерот Филипче, се наведува во соопштението од МЗ.