Филипче: Дел од клиниките стартуваа со системот Мој термин за лицата со хронични болести и малигно болните


Филипче: Дел од клиниките стартуваа со системот Мој термин за лицата со хронични болести и малигно болните - МИА

Скопје, 9 јули 2020 () – Изнајдено е решение за отпочнување со работа на системот Мој термин на клиниките за лицата со хронични болести и малигно болните, изјави министерот за здравство Венко Филипче по средбата со претставници на Здружението „Борка – За секој нов ден“. 

-Дел од хируршките институции веќе почнаа согласно распоредот на работа на анестезиолозите, дел од другите дијагностички струки, меѓутоа рентген снимањата се голем ризик заради тоа што многу често се создаваат гужви во чекалните, а оваа категорија пациенти е една од најчувствителните заради тоа што во тие гужви може да се случи да има трансмисија на вирусот. Но, мислам дека со посебните патеки го најдовме решението и со определеување на некои рентген апарати – тука зборувам за компјутерска томографија, ехо, обичен рентген или мамограф кои што ќе бидат само за овие пациенти за што веќе денеска или утре ќе ја направиме координацијата со Институтот за радиологија и Клиниката за онкологија и тоа ќе влезе во функција, рече Филипче одговорајќи на новинарско прашање.

Тој додаде дека останува да се разгледа начинот на кој ќе започнат да се вршат прегледите преку системот Мој термин таму каде лекарите се најмногу ангажирани во поддршка на инфективните одделенија, а тоа се одделенијата за анестезија и во рамки на тоа и сите други хируршки  струки.

– И тука има решение кое изработено, но засега го рагледуваме бројот на пациенти, потреба од кадар па потоа ќе донесеме и одлука, рече Филипче.

Изјава на министерот Филипче по средбата со Борка

Posted by MИА.mk on Четврток, 09 јули 2020

 


Нови 141 случаи со КОВИД-19, оздравени 161 и еден починат пациент - МИА
Вести

Нови 141 случаи со КОВИД-19, оздравени 161 и еден починат пациент

Скопје, 11 август 2020 () – Министерството за здравство денеска регистрира 141 нови случаи на КОВИД-19 од направени 1.885 тестирања, како и 161 оздравени и еден починат пациент. Во последните 24 часа, како што соопшти […]

Активни 3327 случаи со Ковид-19, апел да се почитуваат мерките без исклучок - МИА
Вести

Активни 3327 случаи со Ковид-19, апел да се почитуваат мерките без исклучок

Скопје, 11 август 2020 () – Во последните неколку недели во земјава се бележат трицифрени бројки на заразени од Ковид-19. И покрај мерките за носење маска и држење дистанца, како и воведените протоколи, епидемијата не […]

Вести

Партиите се уште без договор за ново парламентарно мнозинство и влада

Скопје, 11 август 2020 () – Лидерите на СДСМ и ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети, на вчерашната средба не постигнаа договор околу формирањето на нова влада, сепак, како што истакнаа, разговорите ќе се продолжат […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*