Европскиот Парламент бара изборна кампања без лаги и заплашувања


Европскиот Парламент бара изборна кампања без лаги и заплашувања - МИА

Брисел, 30 јуни 2020 () – Европратениците одговорни за односите со Северна Македонија во Европскиот Парламент бараат кредибилна, транспарентна и објективна изборна кампања без дезинформации и заплашувања, јави дописничката на од Брисел.

-На 15 јули, народот на Северна Македонија ќе го искористи своето политичко право да одлучи кој ќе владее со државата во следните четири години водејќи ја низ клучните фази на макотрпните преговори со ЕУ, изјави известувачот за Северна Македонија, Илхан Ќучук.

Неговата порака пред изборите во Северна Македонија, заедно со претседателот и потпретседателката на Мешовитиот парламентарен комитет, Андреас Шнајдер и Марион Валсман, се дека овие избори ќе бидат тест за политичката зрелост на земјата.

Со оглед на здравствената криза, европратениците бараат од сите политички чинители да се однесуваат одговорно.

-Бараме од властите да обезбедат фер изборен процес и соодветни заштитни здравствени мерки, пишуваат европратениците.

Тие потсетуваат и дека договорите за добрососедство со Грција и Бугарија ќе бидат „во самиот центар на европската иднина на Северна Македонија“, навестувајќи го со ова и фокусот на преговарачката рамка на Брисел во идните преговори за членство во ЕУ.

-Преку инклузивност, толерантност и позитивна дипломатија, Северна Македонија покажа дека е посветена да ги надмине внатрешните и надворешните поделби, поставувајќи пример за целото соседство. Продолжувањето на меѓупартискиот дијалог после изборите е од најголема важност. Најновата членка на НАТО има потреба од политичка извесност за да продолжи на патот на демократската консолидација и процесот на трансформација, е пораката на Европарламентот две недели пред парламентарните избори.

По изборите, потсетуваат пратениците, потребни ќе бидат целосно функционални институции како и посветена опозиција за да ја водат државата низ економската криза пост-ковид како и исполнувањето на ЕУ реформите.

Парламентот ги поздравува напорите на Европската Комисија да ја презентира преговарачката рамка што е можно побргу и бара од земјите членки да ја усвојат без одлагање.


Обвинителот Гаврил Бубевски позитивен на КОВИД-19, обвинителката Фатиме Фетаи во самоизолација - МИА
Вести

Обвинителот Гаврил Бубевски позитивен на КОВИД-19, обвинителката Фатиме Фетаи во самоизолација

Скопје, 6 јули 2020 () – Јавниот обвинител Гаврил Бубевски е позитивен на КОВИД-19, а неговата колешка од поранешното СЈО, обвинителката Фатиме Фетаи, поради контакт со него ќе биде 14 дена во самоизолација. Ова е причината […]

Бројот на заболени од Ковид-19 и натаму висок, повторно се апелира на почитување на мерките за заштита - МИА
Вести

Регистрирани нови 78 случаи со Ковид-19, петмина починати, 172 оздравени пациенти

Скопје, 6 јули 2020 () – Во последните 24 часа се направени 894 тестирања, а регистрирани се 78 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-26, Куманово-4, Дебар-1, Штип-17, Тетово-9, Струга-3, Битола-1, Охрид-1, Гостивар-5, Крива Паланка-1, Кочани-1, […]

Бинзините и дизелот поскапуваат за еден денар - МИА
Бизнис

ЕУРОСУПЕР БС-95 поевтинува, а Екстра лесното масло поскапува за половина денар

Скопје, 6 јули 2020 () – Цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 од ноќеска на полноќ се намалува за половина денар, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) поскапува за половина денар по литар, додека цените […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*