Економијата се опоравува од пустошот и штетите што ги предизвика криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ, раст има во сите сектори освен во нискоградбата



ript>

Економијата се опоравува од пустошот и штетите што ги предизвика криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ.


 

Преземените мерки од Владата ги санираат штетите и ја поставуваат економијата на здрави и реални основи. Нема веќе провизии и проценти за криминални, измислени и нереални проекти.

Податоците од Државниот завод за статистика го покажуваат токму тоа. Во првиот квартал од оваа година забележан е раст во сите сектори, освен во нискоградбата.

Причината за тоа се должи на запирањето на активностите на промашените, криминални прoекти на власта на ВМРО-ДПМНЕ, како автопатот Кичево-Охрид но и некои други патишта, каде што имаше огромни пропусти.

Одлуката на Владата проектите прво да ги доведе во состојба на реалноста и правилно да бидат спроведени и реализирани е во интерес на граѓаните. Тоа е вистинскиот и одговорниот начин и тој начин е најголема гаранција дека и овие проекти ќе бидат завршени.

Провизиите и дил ориентед зделките со разлики во цени и до 54% се рефлектираа во пад во нискоградбата, но Владата веќе презеде мерки и овој проблем, наследен од ВМРО-ДПМНЕ е надминат.

По моменталниот застој, изградбата на автопатите ќе продолжи реално и правилно и тоа наскоро ќе рефлектира со раст и во делот нискоградбата со што ќе се интензивира и растот на БДП, кој на крајот ќе биде во рамките на предвиденото.

Христијан Мицкоски кој ги брани и промовира токму криминалните политики на неговиот претходник, уште еднаш покажа дека нема капацитет да разебере дека Владата може да работи домаќински, одговорно и во интерес на граѓаните.

Откако граѓаните дознаа дека лаже, Мицкоски покажува дека нема храброст да се соочи со новинарите, со јавноста, па се крие зад снимени видео пораки. Тоа кажува многу.