Единствена Македонија: Џабир Дерала безобразно лаже


Единствена Македонија реагира на лагите на Џабир Дерала во вчерашната реакција на „Цивил„ во врска со спречувањето на говорот на претседателот Бачев насловен како „Понуда до Заев за јавна опклада на симболични 1 денар дека Македонија ниту ќе стане членка на НАТО и ЕУ ниту ќе го промени името, на конференцијата во организација на „Цивил“.

Во интерес на вистината еве ги фактите:

Факт број еден: Цивил упати покана до Единствена Македонија за учество на претседателот Бачев на конференцијата насловена како „Македонски перспективи – Како до Европа“.

Факт број два: Единствена Македонија го потврди учеството на конференцијата.

Факт број три:  На лице место на самиот настан претседателот Бачев беше тргнат од листата на говорници во сесијата каде зборуваа претседатели на политички партии.

Факт број четири: На настанот зборуваа претставниците на сите присутни партии (сите дел од марионетската власт во Скопје) вклучително и сите партии на албанското малцинство во земјата.

Факт број пет: Не беше дозволен говорот единствено на претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев откако во последен момент лица од кабинетот на Заев го издејствуваа тоа.

Џабир Дерала манифестира селективна сенилност и безобразно лаже и тоа од оправдани причини: Мора да го брани ликот и делото на Зоран Заев со оглед на нивните исти странски ментори за рушење на Македонија и Македонците.

Ја користиме приликата за осуда на непримерното однесување на одредени медиуми кои вчера објавија реакција на Џабир Дерала, а претходно не го објавија соопштението на Единствена Македонија.

                                                                                               


Многу опции за парламентарно мнозинство и нова влада, пролонгирањето неповолно за ЕУ-интеграцијата - МИА
Вести

Од денеска почнуваат разговори за новата влада

Скопје, 4 август 2020 () – По одржувањето на конститутивната седница на Собранието, од денеска почнуваат и разговорите за формирање на новата влада. Партиите кои по изборите неофицијално ги почнаа разговорите, се очекува од денеска […]

Прва седница на новиот собраниски состав под здравствени протоколи - МИА
Вести

Прва седница на новиот собраниски состав под здравствени протоколи

Скопје, 4 август 2020 () – Во Собранието на Република Северна Македонија, денеска на пладне во салата Голема купола ќе се одржи првата седница на новиот парламентарен состав согласно здравствените протоколи за заштита од ширење […]

Нови 14 дена вонредна состојба, за заокружување на здравствените одговори на пандемијата - МИА
Вести

Бројот на починати од Ковид-19 достигна 500, вирусот најризичен за постарите лица

Скопје, 4 август 2020 () – Тројца пациенти починаа вчера од вирусот Ковид-19, со што вкупниот број на починати од оваа болест достигна 500. Ковид-19 е најризичен за постарите лица, односно предизвикува поголема смртност кај […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*