Единствена Македонија: Ајде вечер сите на протест да и покажеме на власта што мисли народот за францускиот документ


Единствена Македонија како една од партиите што го подржа Семакедонскиот протест вечерва, го повикува македонскиот народ и државјаните на Република Македонија да излезат масовно на протестот против најновото национално предавство на марионетската влада во Скопје во врска со францускиот документ.

 

 

Со масовното присуство на протестот да и покажеме на марионетската влада што мисли народот за подарувањето на македонската нација, јазик, историја на Бугарија.

Единствена Македонија ја предупредува марионетската влада на СДСМ и ДУИ дека не поседува политички легитимитет за обезличување на Македонците. За сето ова што го прави власта да има договор во интерес на Бугарија, а на голема штета на Македонија и Македонците, одговрност мора да има, и ќе има. Дотолку повеќе, прашањето за Македонците не  е прашање на една партија или на една влада, туку на македонскиот народ.

Единствена Македонија како партија која во основа се бори за одбрана на македонските национални интереси никогаш нема да ја предаде Македонија, нашата земја, нашата татковина. Ќе ги поништиме антимакедонските договори. Македонија е нашата татковина, Македонија е нашиот дом. Онака како што се бориме за нашите домови, се бориме и за Македонија.

                                                                                                                                             Со почит,
Центар за комуникации на Единствена Македонија