Џафери ќе ја води конститутивната седница



Џафери ќе ја води конститутивната седница - МИА

Скопје, 3 август 2020 () – Претседателот на Собранието во заминување Талат Џафери утре ќе претседава со конститутивната седница на Собранието, потврдија од неговиот кабинет.

-Претседателот Џафери излезе од болница и е во многу добра состојба и утре тој че ја води седницата, информираат од кабинетот на Џафери.

Претходно денеска тој изјави дека се чувствува добро и  дека веќе е извесно дека ќе претседава со конститутивната седница утре. Тој денеска ја напушти Инфективна клиника каде беше сместен од 24 јули, а неколкуте последователни тестови на ковид биле негативни.

Собраниските служби,пак, информираа дека согласно мерките за заштита од коронавирусот конститутивната седница ќе се одржи во големата сала со купола каде што ќе биде обезбедено соодветно растојание меѓу пратениците, собраниските службеници и други лица кои треба да се присутни. Гласовите на оваа седница ќе се бројат рачно, имајќи предвид дека во неа нема инсталирано систем за гласање.

На денот на одржување на Конститутивната седница ќе се мери температура на секој што ќе дојде во собраниската зграда, пратениците и другите поканети гости ќе бидат прифаќани од протоколот и спроведувани точно до местото каде што ќе треба да седат.

Бројот на медиумските работници во Собранието ќе биде ограничен, поради здравствените протоколи, а активностите ќе се следат во живо преку Собраниските канал и со стримови во живо. Конститутивната седница ќе се следи преку Собранискиот канал, а прес-конференции ќе бидат организирани во Кристалната сала каде што би имало доволено простор за одржување дистанца. цр


Вести

Протест за декриминализација на марихуаната пред Основниот кривичен суд во Скопје

Протест за декриминализација на марихуаната и поддршка на активистот Филип Достовски се одржа денеска пред зградата на Основниот кривичен суд во Скопје. Претседателот на здружението Зелена национална агенда за Македонија – ЗНАМ Огнен Узуновски, рече […]

Седум нови случаи со Ковид-19 во Пијанец и Малешевијата - МИА
Вести

Нови 152 случаи на Ковид 19, починале две лица

Во последните 24 часа се направени 1630 тестирања, а регистрирани се 152 нови случаи на Ковид-19, починале две лица, додека оздравени се 126 пацинети, соопшти денеска Министерството за здравство. Од новите случаи најмногу има во: […]

Вести

МОН со последни подготовки пред стартот на учебната година, за СОНК има недостиг на технички средства

– Анализите направени од Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) покажуваат дека голем дел од училиштата немаат обезбедено технички средства за следење на онлајн настава, но од Министерството за образование и наука уверуваат дека […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*