Џафери имаше средба со украинската амбасадорка Задорожњук


Џафери имаше средба со украинската амбасадорка Задорожњук - МИА

Скопје, 16 септември 2020 () – Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска имаше средба со амбасадорката на Украина, Наталија Задорожњук, на која, меѓу другото, информираше за активностите што му претстојат на Парламентот во врска со законодавството и формирањето на делегациите и пратеничките групи за соработка.



Џафери изрази задоволство дека, односите меѓу Република Северна Македонија и Украина се карактеризираат со пријателство, доверба, отсуство на отворени прашања, како и соработка во голем број области од заемен интерес.

Како што се наведува во соопштението од собраниската прес-служба, амбасадорката Задорожњук упати честитки за успешно спроведените парламентарни избори и реизборот на Џафери за претседател на Собранието. Таа истакна дека, во Украина високо се цени тоа што Северна Македонија го поддржува унитарниот карактер, суверенитетот и територијалниот интегритет на земјата, како и добрата заемна соработка во рамките на меѓународните организации и меѓупарламентарните собранија.

-Соговорниците се заложија за унапредување на економската соработка и трговската размена меѓу Република Северна Македонија и Украина, подвлекувајќи дека меѓу двете земји е изградена богата нормативно – правна рамка. Заедничките цели и приоритети за европската и евроатланската интеграција, според Џафери и Задорожњук, се одлична основа за натамошно унапредување на билатералната соработка, се наведува во соопштението.

На средбата беше нагласена плодната соработка меѓу македонското Собрание и Врховната Рада на Украина, особено на ниво на групи за соработка. Истовремено, беше изразена надеж дека во догледно време ќе бидат реализирани посети на ниво на претседатели на парламенти, штом за тоа бидат создадени поволни услови.

На средбата, амбасадорката Задорожњук на претседателот Џафери му ги предаде честитките од претседателот на Врховната Рада на Украина Дмитро Разумков, за повторниот избор за претседател на Собранието, како и по повод 8 Септември, Денот на независноста.


Бизнис и економија

Задолжително пензионирање на 64-годишна возраст, останува можноста жените да се пензионираат со навршени 62 години

– Измените на Законот за работни односи со кои се предвидува задолжително пензионирање на 64-годишна возраст, поднесени од група пратеници, влегоа во собраниска процедура и го поминаа првото читање. Исклучоци во јавниот сектор ќе има […]

Вести

Продолжуваат разговорите со Бугарија, македонскиот јазик и идентитет се црвените линии

– Разговорите за надминување на несогласувањата со Бугарија продолжуваат деновиве на ниво на работни групи, предводени од министрите за надворешни работи на двете земји, а македонскиот јазик и македонскиот идентитет се црвените линии во преговорите […]

Вести

Регистрирани 1022 нови случаи на Ковид- 19 во земјава, починаа 41 лице

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3127 тестирања, а регистрирани се 1022 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-463, Куманово-30, Дебар-6, Штип-28, Прилеп-68, Тетово-29, Струга-21, Велес-47, Битола-48, Охрид-28, Кавадарци-26, Гостивар-66, Гевгелија-4, […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*