ДУИ ќе ја поддржи резолуцијата за црвените линии доколку се користи уставното име на државата


ДУИ достави предлог мерки за економско закрепнување до Владата - МИА

– ДУИ ќе ја поддржи резолуцијата за црвените линии во преговорите со Бугарија, доколку се користи уставното име на државата. Резолуција во која нема уставно име, нема правна форма. Ова денеска го изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи, одговарајќи на новинарско прашање за ставот на ДУИ за резолуцијата што ја поднесе ВМРО-ДПМНЕ во Собранието.


 

– Во однос на резолуцијата од првиот ден како министер за надворешни работи се водам од премисата – прво да не се направи штета. И оттука и мојата анализа и мојот став како министер за надворешни работи во однос на прашањето се водеше по тој принцип – кои се бенефитите и која може да биде штетата од тој пороцес. Затоа прво на што повикав е која било резолуција која треба да ги одрази интересите на државата да биде донесена со консензус. Затоа што макотрпно овие месеци изградивме конснезус што ги поминува етничките, идеолошките линии по однос на ова прашање. И тој консензус којшто не често се случува во оваа држава, ни помогна да добиеме речиси ист таков консензус во самата ЕУ, оцени Османи.

Тој апелираше на внимателност таа политика да не добие етничка и партиска димензија, бидејќи, како што рече, може само да ја ослабе нашата позиција.

– Не зборувам дека оваа резолуција може да направи штета, но мора да сме внимателни, и затоа како министер за надворешни работи барам внимателност. Позициите што ги има во текстот на резолуцијата се позиции што МНР и Владата ги имаат како свој став во својата стратегија. Но, многу е важно во Собранието да има консензус и да не се отвораат дополнителни теми што може да наштетат на процесот, рече Османи.

Тој истакна дека прашањето за уставното име, кое стана дел од ова резолуција, е отворање нови проблеми, а не помош за затворање на проблемите.

На 15-ти овој месец претседателот на Собранието Талат Џафери од собраниска говорница соопшти дека предложната Резолуција од ВМРО-ДПМНЕ за евроинтеграцискиот пат на земјата и националните црвени линии е примена во Парламентот и дека најверојатно материјалите за неа ќе бидат испратени до пратениците и таа би можела да се најде на дневен ред на наредната седница