ДУИ бара ТВ дебата на Зибери со Заев и Мицкоски


ДУИ бара ТВ дебата на Зибери со Заев и Мицкоски - МИА

Скопје, 1 јули 2020 () – Граѓаните имаат право да ги видат тројцата кандидати за премиер на ТВ дебата, па затоа ја повикуваме Агенцијата за медиуми да обезбеди демократски и еднакви стандарди, порача денеска портпаролот на ДУИ, Бујар Османи, апелирајќи за рамноправното покривање на медиумите на сите партии и за „еднаков третман на сите кандидати за премиер“.

– Првпат во историјата, на граѓаните на Северна Македонија им е овозможено да изберат повеќе од две опции за нивни премиер. Прв пат, за оваа позиција се натпреваруваат не само двајцата кандидати од двете македонски партии кои ја бараат оваа позиција, туку и непартиски и независен кандидат – Албанец, изјави Османи.

Тој нагласи дека „првиот премиер Албанец“ не само што ќе биде премиер на Албанците во земјава, туку и на сите граѓани на Република Северна Македонија.

– Ова е најсилниот симбол за она што го нарекуваме – еднаква држава. Тоа е сигнал и за ЕУ дека нашата земја е подготвена да се приклучи на европското семејство, затоа што ги надминавме национализмот и етничките поделби, истакна Османи.

Според него, „независниот и непартиски премиер“ не претставува само понуда за албанскиот електорат, туку и за сите граѓани на земјава, кои се незадоволни од „политичкиот дуопол, што ја држеше земјата заглавена во политичката војна долги години“.
– Понудата за граѓаните со нова можност, трета опција, е несомнено важен чекор во напредокот и развојот на демократијата, поради што ги повикуваме Мицковски и Заев да излезат на јавна дебата, каде ќе можат сите тројца кандидати да ги претстават и да ги соочат нивните идеи за иднината на нашата земја, потенцираше Османи.

На крајот тој побара од медиумите, со, како што рече, целосна почит кон нивната демократска одговорност и јавен интерес, да обезбедат еднаквост во дебатите, и да ѝ понудат на својата публика фер соочување меѓу тројцата кандидати за премиер, нагласувајќи дека очекува интересни дебати „меѓу двајцата македонски кандидати Заев и Мицковски и првиот кандидат Албанец за премиер, Насер Зибери“.


Многу опции за парламентарно мнозинство и нова влада, пролонгирањето неповолно за ЕУ-интеграцијата - МИА
Вести

Од денеска почнуваат разговори за новата влада

Скопје, 4 август 2020 () – По одржувањето на конститутивната седница на Собранието, од денеска почнуваат и разговорите за формирање на новата влада. Партиите кои по изборите неофицијално ги почнаа разговорите, се очекува од денеска […]

Прва седница на новиот собраниски состав под здравствени протоколи - МИА
Вести

Прва седница на новиот собраниски состав под здравствени протоколи

Скопје, 4 август 2020 () – Во Собранието на Република Северна Македонија, денеска на пладне во салата Голема купола ќе се одржи првата седница на новиот парламентарен состав согласно здравствените протоколи за заштита од ширење […]

Нови 14 дена вонредна состојба, за заокружување на здравствените одговори на пандемијата - МИА
Вести

Бројот на починати од Ковид-19 достигна 500, вирусот најризичен за постарите лица

Скопје, 4 август 2020 () – Тројца пациенти починаа вчера од вирусот Ковид-19, со што вкупниот број на починати од оваа болест достигна 500. Ковид-19 е најризичен за постарите лица, односно предизвикува поголема смртност кај […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*