Дуалното образование и мерката „младински додаток“ даваат резултати, вели Царовска


Дуалното образование и мерката „младински додаток“ даваат резултати, вели Царовска - МИА

Скопје, 31 јули 2020 () – Компаниите во индустриските зони работат и покрај корона кризата. Секоја од нив има различна динамика, затоа и индивидуално се справува со предизвиците. Дел користеа владини мерки за поддршка, а дел се помогнати од нивните матични фирми, рече денеска вицепремиерката за економски прашања, Мила Царовска.

Според неа, со социо-економските проблеми предизвикани од КОВИД се соочува целиот свет, не само нашата земја.

Царовска заедно со директорот на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони, Александар Младеновски ја посети компанијата „Витек“ во ТИРЗ во Скопје 1 и направи обиколка на производствениот погон. Со менаџментот поразговараa за работниот процес и обезбедувањето млад тим.

-Дополнително разговаравме како влијае мерката „младински додаток“ кај нивните вработени. Сметаат дека има поголем поттик младите луѓе да доаѓаат во нивната компанија и да се вклучат во работниот процес, во производство, рече Царовска, посетувајќи дека согласно мерката, секое младо лице до 23 години, вклучено во производство, добива дополнителни 3.000 денари од Агенцијата за вработување.

На овој начин, подвлече вицепремиерката, Владата сака директно да ги поттикне младите да бидат позаинтересирани за работа во производство.

Од „Витек“ информирале дека секое лето организираат пракса, како и дека потоа, половината од учениците што доаѓале на пракса, останувале во компанијата. Тоа покажува, рече Царовска, дека системот на дуално образование ќе даде резултат.

Директорот на Дирекцијата за ТИРЗ, Младеновски соопшти дека „Витек“ планира проширување, реализирање уште една, четврта фаза, и нови 100 вработувања.


Активни 3327 случаи со Ковид-19, апел да се почитуваат мерките без исклучок - МИА
Вести

Активни 3327 случаи со Ковид-19, апел да се почитуваат мерките без исклучок

Скопје, 11 август 2020 () – Во последните неколку недели во земјава се бележат трицифрени бројки на заразени од Ковид-19. И покрај мерките за носење маска и држење дистанца, како и воведените протоколи, епидемијата не […]

Вести

Партиите се уште без договор за ново парламентарно мнозинство и влада

Скопје, 11 август 2020 () – Лидерите на СДСМ и ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети, на вчерашната средба не постигнаа договор околу формирањето на нова влада, сепак, како што истакнаа, разговорите ќе се продолжат […]

Британски експерт смета дека коронавирусот ќе циркулира најмалку до 2021 година - МИА
Вести

Уште 109 случаи со КОВИД-19, еден починат и 422 оздравени

Скопје, 10 август 2020 () –  Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 762 тестирања, а регистрирани се 109 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје-20, Куманово-16, Штип-13, Прилеп-1, Тетово-3, Струга-2, Велес-4, […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*