Доктор Марковски: Чест е да се биде во највисокото тело на ВМРО-ДПМНЕ, власта е индиферентна на пандемијата, потребно е посебно владино тело за одлуки


Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Професорот  доктор  Вело Марковски, вечерва во гостување во Дневникот на Сител телевизија, истакна дека чест му е што е дел од највисокото тело на ВМРО-ДПМНЕ, и нагласи дека се потребни вистински решенија за состојбата со пандемијата како посебно владино тело кое ќе одлучува, особено кога власта е индиферентна на пандемијата.

Во однос на избирањето како член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, професорот истакна дека задоволство е што ВМРО-ДПМНЕ ја проценила неговата стручност и помош во една ситуација на пандемија.

-Господинот Мицкоски процени и ја ценеше мојата стручност дека можам да помогнам и треба да помогнам, јас тоа го прифатив, затоа што чест е да се биде дел од највисокото тело на ВМРО-ДПМНЕ и да пробаме преку политиката да помогнеме повеќе во оваа состојба, вели професорот Марковски.

Професорот истакна исто така дека иако оваа пандемија е една војна, постои индиферентност на властите во врска со состојбата со коронавирусот, како и тоа дека бил критички настоен кон  одредени одлуки на државата во врска со коронакризата, затоа што не сметал дека доволно се пренесува науката.

-Кога сме во војна нам не ни требаат дополнителни поделби, ни требаат обединувања за да не дојдеме за неколку месеци да Владата се огради од некои мислења на Комисијата за заразни болести, потенцираше професорот Марковски.

Тој критикуваше дека во нашата земја нема сериозно тело за стравување со пандемијата.

-Комисијата е советодавно тело на министерот за здравство,а тој има неколку комисии кои му даваат совети, во овој случај тој ги прифаќа нивните мислења, но сепак таа Комисија има советодавна улога, објасни професорот Марковски.

За него како што вели најдобро решение е посебно владино тело од 4-5 доктори експерти во оваа област да носат одлуки, и само така ќе можеме да излеземе од последиците од оваа пандемија.

За новите потенцијални мерки кои денеска се најавија од страна на министерот за здравство, доктор Марковски вели дека до сега однесувањето беше како по шведскиот модел, па не гледа некоја разлика во однос на мерките кои беа претходно.


141 новозаразени од Ковид-19, почина пациент од Скопје
Вести

Активни 6.861 случаи на заразени со коронавирус во земјата

Во моментов бројот на активни случаи со коронавирус во земјата изнесува 6.861 лице, откако вчера потврдени 518 новозаразени, 200 оздравени и 9 починати лица. Најмногу активни случаи на заразени има во Скопје (3.320), Струмица (394) […]

Вести

Интензивирање на комуникацијата за надминување на недоразбирањата со Софија

– Интезивирана комуникација со Софија деновиве за изнаоѓање решение за спорот со Бугарија, по испраќањето на бугарскиот појаснувачки меморандум до земјите-членки на Европската Унија, во кој се оспоруваат македонскиот јазик и македонската нација. Премиерот Зоран […]

Вести

Од следната недела најавени нови термини за тестирање, вчера регистрирани 518 заболени од Ковид-19

– Петстотини и осумнаесет нови случаи на заболени од Ковид-19 беа регистрирани вчера во земјава. Раст на новозаболените изминатиот период е забележан во целиот регион, но и во Европа. За првпат на континентот завчера беа евидентирани […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*