До крајот на годинава нова седница на Совет за безбедност за аерозагадувањето


Пендаровски: Решението на политички и историски спорови, не лежи во идеологиите од 19-от век - МИА

 Претседателот на државата Стево Пендаровски по денешната седница на Советот за безбедност најави дека до крајот на годинава ќе се организира дебата за аерозагадувањето, во присуство на сите членови на Советот за  безбедност, плус други лица надвор од постојаниот состав, бидјеќи е неспорна релацијата, како што рече, меѓу аерозагадувањето и пандемијата.

– Ќе видиме што во тој момент можеме, некакви пофокусирани мерки и активности од страна на Владата да се адресира посебно тоа прашање, изјави Пендаровски.

Во однос на аерозагадувањето, министерот за здравство Венко Филипче наведувајќи дека опозицијата протестира против лошо менаџирање на пандемијата без маски и против загадувањето со возила, нагласи дека оваа Влада направи нешто што ниту една друга досега не направила.

– Огромна инвестиција за чист воздух, клима инвертори, во гасификацијата на здравствените објекти, и мислам дека и со конкретни чекори покажавме како го третираме тој проблем. Точно е дека има публикации кои укажуваат на тоа дека ПМ10 честичките овозможуваат поголема трансмисија на вирусот и во таа смисла е препораката донесена вчера со измената на Законот за задолжително носење маски на отворено, насекаде, прво заради тоа што е битно секој да го штити своето здравјето, да се штити од настинки, заради тоа ни се многу битни болничките капацитети, изјави меѓу другото министерот Филипче.

Претседателот Пендаровски потсети дека лани првпат имавме на седница на Совет за безбедност дебата за аерозагадувањето.


Вести

ИЈЗ: За 1,8 отсто зголемен бројот на заразени од Ковид-19, за 18,6 отсто зголемен бројот на починати

– Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 16 до 22 ноември тестирани се вкупно 19.664 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од […]

Вести

За една недела регистрирани 7.486 новозаразени, над 5.000 излечени и 204 починати

  Скопје и натаму e со најголем број нови случаи и највисока инциденца, a најзастапена возрасна група се лица над 60 години, се наведува во неделниот извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 16 […]

Вести

Државна матура од 29 мај до 14 јуни, информатика и географија првпат во листата на изборни предмети

– Трите екстерни испити од државната матура од учебната 2020/2021 година во јунската сесија ќе се полагаат од 29 мај до 14 јуни. Листата на изборни предмети за третиот екстерен испит годинава е проширена со […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*