ДКСК отвора предмет за паричната помош за здруженијата и фондациите за справување со кризата од коронавирусот


ДКСК отвора предмет за паричната помош за здруженијата и фондациите за справување со кризата од коронавирусот - МИА

Скопје, 10 јули 2020 () – Државната кмоисија за спречување корупција на денешната седница одлучи да отвори предмет за владината парична помош на здруженијата и фондациите како дел од мерките за справување со кризата од коронавирусот, а по приговорот поднесен од опозициската ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија“, во кој се наведува дека е прекршен Изборниот законик со исплата на пари во време на изборна кампања.

– Исплатата на одобрените средства е на 1-ви јули и е во период на изборна кампања и претставува повреда на член 8 а став 1 алинеја два од Изборниот законик и член 43 од Законот за спречување корупција и судир на интереси. Поради тоа согласно нашите мерки се предлага да се покрене постапка пред надлежни органи за одговорносто лице при Генералниот секретаријат, оценија од ДКСК.

Од владиниот Генерален секретаријат пред антикорупционерите појаснија дека исплатата извршена на 1-ви јули е врз одлука донесена на 13-ти јуни и од тие причини сметаат дека се работи за извршување на веќе донесена одлука.

Од ДКСК посочија дека одлуката можело да биде донесена претходно, но исплатата требало да почека, да се одложи и да се оствари по завршување на изборите.

На сметка на здруженијата и фондациите кои ги исполниле условите за да добијат помош легнале околу 30 милиони денари. нд/


Нови 29 позитивни на КОВИД-19 од 349 тестирања во изминатите 24 часа - МИА
Вести

Нови 113 случаи со Ковид-19, шест починати, 259 оздравени пациенти

Скопје, 6 август 2020 () – Во последните 24 часа се направени 1.543 тестирања, а регистрирани се 113 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-35, Куманово-12, Штип-23, Прилеп-1, Тетово-5, Струга-1, Битола-7, Охрид-6, Гостивар-15, Кочани-2, Пробиштип-1, Демир […]

Многу опции за парламентарно мнозинство и нова влада, пролонгирањето неповолно за ЕУ-интеграцијата - МИА
Вести

Течат разговорите за формирање нова влада, засега ништо официјално

Скопје, 6 август 2020 () – Разговорите за формирање нова влада меѓу партиите течат, но засега се уште никој официјално не се изјасни дали постигнал договор. И претседателот на СДСМ, Зоран Заев и лидерот на […]

Во Србија седум лица починаа, а регистрирани се 296 новозаболени од Ковид-19 - МИА
Вести

Во земјава 3557 активни случаи со Ковид-19, во светот на секои 15 секунди по еден човек умира од коронавирусот

Скопје, 6 август 2020 () – Во моментов во земјава се активни 3557 случаи на заразени со Ковид-19. Од почетокот на епидемијата досега се регистрирани 11289 случаи на заболени лица, се излекуваа 7221 лица, а […]

1 Trackback / Pingback

  1. ДКСК отвора предмет за паричната помош за здруженијата и фондациите за справување со кризата од коронавирусот ДКСК отвора предмет за пари

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*