ДИСЛОКАЦИЈА ИЛИ ОТСТРАНУВАЊЕ НА СПОМЕНИК НА НОБ!?


Изминатите три дена, жителите на Општина Струга затекнаа непријатна глетка на влезот на градот. Симболот на антифашистичката борба на партизаните стружани -„Споменикот на ослободителите на Струга“, изработен од бетон и калдарма, со три стилизирани крила поврзани со тристрана чешма, беше срушен на земја од страна на механизацијата пратена по налог на градоначалникот Рамиз Мерко и Општина Струга. Објаснувањето зошто е срушен споменикот стигна постсвестум, т.е откако граѓаните реагираа бурно на социјалните мрежи поради она што го видоа: споменикот беше расцепкан на делови и оставен така да лежи цел викенд.

Дури откако механизацијата целосно го расчисти теренот и не остана ни камен на камен од споменикот кој верно го чуваше влезот на градот 40 години, Општината се огласи на својата интернет страница, со смирителен тон :
„Се известуваат сите граѓани на Општина Струга дека Спомен чешма на Ослободителите на Струга – Мороишки мост”, врз основа на добиена согласност со бр. 03-24 до датум 31.05.2018 од ОО Сојуз на борци – Струга, ќе се дислоцира на другата страна на патот, односно спротивно од сегашната локација. За дислокација на истата е потребно да се интервенира на темелната стопа на споменикот затоа што е со големи димензии и голема тежина. Истиот споменик, неоштетен и со истите историски вредности ќе се поставува на нова армирано бетонска темелна стопа, во рок од еден месец“ – се вели во соопштението на канцеларијата за односи со јавност на општината.

6
5
4
3
2
1

Од малкуте медиуми кои го истражија овој настан, можеше да се забележи дека и советниците на СДСМ и ВМРО ДПМНЕ се затекнати од случувањата, тврдејќи дека „Советот донел одлука на постојната локација да се гради кружен тек, но никој не знаел дека таму се наоѓа споменик на НОБ(?!), бидејќи во материјалите за предложената одлука која тие ја изгласале, не стоел тој податок(?!)“.

ЛО Левица Струга го отфрла срамното „дигање рамења“ на советниците и префрлање на сета вина врз службите на општината. Тие морале пред да ја гласаат одлуката за градење кружен тек да знаат дека на таа локација 40 години опстојува споменик на НОБ и морале да добијат одговор дали е неопходна дислокацијата на споменикот, како и самите да одлучат на седница на Советот каде ќе биде поставен споменикот после завршувањето на градежните работи за кружниот тек.

ЛО ЛЕВИЦА Струга прашува: според кој закон Сојузот на борци дава одобрение за рушење/дислокација на споменици на НОБ? Доколку за потребите на изградбата на кружниот тек дислокацијата била неопходна, тогаш советниците морале претходно да бараат Општината да се обратат за мислење до НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Охрид, Завод кој би го надгледувал процесот на безбедно дислоцирање на споменикот.

ЛО ЛЕВИЦА Струга, нема доверба во локалната власт предводена од ДУИ. Познато ни е дека при реконструкцијата на главниот плоштад во Тетово, времено беа дислоцирани бисти на борци на НОБ. Повеќе од една година реконструцијата е завршена, а градоначалничката од редовите на ДУИ, Теута Арифи, не ги враќа бистите на местото од кое беа “времено дислоцирани“. Ако недовербата кон ДУИ е заслужена, имајќи го предвид поведението на оваа партија како локална власт во Тетово, тогаш за Левица нејасен и недозволив е индолентниот однос на останатите партии кои го сочинуваат Советот на град Струга.

Особено зачудува индолентниот однос на наследникот на Сојузот на комунистите- СДСМ кон наследството на НОБ. Дали за оваа партија, битен беше само имотот (партиски штабови) кои ги добија во наследство по расформирањето на Сојузот на комунистите, додека мртвата природа (спомениците) на сеуште живата идеологија врз која се изгради современата македонска држава, е осудена на заборав и бришење од страна на оние што ја негираат заедничката антифашистичка историја на Македонците, Албанците, Турците, Власите во етнички разноликата Општина Струга?


Балкан

Прв дел од руски ПВО систем испорачан во Србија

На Армијата на Србија днеска и беше испорачан првиот дел од рускиот ПВО систем Панцир С1. Тоа го потврди српскиот министер за одбрана Александар Вулин. Панцир С1 беше донесен со руски транспортен авион. Со таа […]

Балкан

Албанија повторно на „сивата листа“ за перење пари,министерката за правда бара повисоки казни

Албанија повторно се најде на „сивата листа“ за перење пари и други ризици од организиран криминал, од каде беше избришана во 2015 година. Според меѓународната агенција за следење на финансирањето на тероризмот (ФАТФ) додадени седум […]

Вести

Истече рокот за доставување ценовници за платено политичко рекламирање на медиумите

– На полноќ истече рокот за доставување ценовници за платено политичко рекламирање на медиумите за претстојните предвремени парламентарни избори закажани за 12 април 2020 година. Печатените медиуми и интернет-порталите беа должни ценовниците да ги достават […]