Димковски: Консолидација на земјоделско земјиште е државна политика


Димковски: Консолидација на земјоделско земјиште е државна политика - МИА

Битола, 12 јули 2020 () – Консолидација на земјоделско земјиште е државна политика за подобрување на неповолната структура на земјоделското земјиште особено во приватна сопственост, изјави министерот во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски.

За време на посетата во пелагониското село Логоварди, министерот Димковски рече дека прекумерната расцепканост на парцелите најефикасно се решава со нивно окрупнување.

-Ова е транспарентен процес во кој најважна улога имаат сопствениците на земјоделско земјиште кои директно учествуваат во процесот на консолидација. Секој учесник е консултиран и активно учествува во секоја фаза од постапката. Програмата за консолидација, рече Димковски тековно се реализира во битолските села Логоварди, Оптичари и Трн, но и во селата Соколарци и Спанчево од Општина Чешиново-Облешево, Лешани од Општина Дебарца, село Кожлеод Општина Петровец и селото Дабјани во Општина Долнени.

На средба со земјоделци од селото Логоварди, министерот Димковски потсети дека во тоа село се спроведува втората фаза од процесот на консолидација, односно планирање на распределба на земјоделското земјиште и потребните интервенции во земјоделската инфраструктура.

-Логоварди е многу значајно земјоделско подрачје во пелагонискиот регион кое опфаќа 393 хектари земјоделско земјиште, но е расцепкано на 769 земјишни парцели кои се сопственост на 397 сопственици. Поради оваа расцепканост голем дел од парцелите немаат пристап до пат, а со застарениот начин на одводнување, изложени се на голем ризик од поплави. Затоа, Логоварди е меѓу првите 10 подрачја во државата каде почна окрупнување или консолидација на земјиште, нагласи министерот Димковски.


ОС Велес му одреди 30 дена притвор на Владмир Панчевски - МИА
Вести

Три и пол години затвор за Владимир Панчевски

Велес, 4 август 2020 И) – Поранешниот претседател на Кривичен суд Скопје, Владимир Панечвски, обвинет за злоупотреба на системот АКМИС, вечерва од страна на Велешкиот суд беше прогласен за виновен и осуден на три години […]

Конституирано Собранието, верификувани мандатите на 120-те избрани пратеници - МИА
Вести

Сто и седумнаесет од вкупно 120 пратеници присустуваа на конститутивната седница на десеттиот парламентарен состав

Скопје, 4 август 2020 (МИА) – Сто и седумнаесет од вкупно 120 пратеници присуствуваа денеска на конститутивната седница на десеттиот парламентарен состав, која се одржа во салата Голема купола согласно здравствените протоколи за заштита од ширење […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*