Димитров се сртена со новиот постојан претставник на УНДП, Сахакјан

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска имаше средба со новоименуваниот постојан претставник на УНДП во Република Северна Македонија Нарине Сахакјан, која му ги предаде копиите од акредитивните писма.

Министерот Димитров, како што информираат од неговиот кабинет, изразил задоволство и благодарност кон мисијата на УНДП во земјава.

– На реформскиот пат кон ЕУ, несебичниот ангажман и иницијативите на УНДП во социјалната инклузија, продуктивното вработување, намалувањето на невработеноста и сиромаштијата, родовата еднаквост, јакнењето на институциите и животната средина, беа непроценлива помош за нас, порача Димитров.

Сахакјан, како што се наведува во соопштението, го споделила ентузијазмот и очекувањето дека европските партнери ќе го препознаат „реалното чудо“, како што го нарекла, и перманентните напори на Република Северна Македонија да стане кредибилен дел од Европската Унија.

На средбата, Сахакјан изразила искрено задоволство од можноста да ја продолжи својата мисија, започната во 2016 година, токму во земјава, особено, како што самата нагласи – во овој позитивен историски момент за нашата држава.

Осврнувајќи се на приоритетните активности на УНДП во Република Северна Македонија до 2020 година, Сахакјан констатираше дека може да се очекува плодна соработка, имајќи предвид дека тие се во целосна корелација со приоритетите на Владата.

На средбата, се вели во соопштението, било разговарано и за конкретни прашања со цел унапредување на целокупната соработка со Канцеларијата на УНДП во Скопје и имплементацијата на постоечките проекти во Република Северна Македонија.


Вести

Демократски дебати неделава во САД – прва предигра за изборите во 2020 година

Пред милиони Американци неделава на првите демократски дебати ќе се појават на едно место речиси дваесетмина кандидати во трка за номинирање претстедателски кандидат од Демократската партија на изборите следната година. Иако застапуваат различна идеологија – […]

Вести

Прифатено барањето на Јанкулоска за одложување на затворската казна за „Тенк“

На поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и е прифатено барањето да и се одложи четиригодишната затворска казна за случајот „Тенк“. Како што соопшти денеска Основниот кривичен суд – Скопје, извршувањето на казната се одложува се […]

Вести

Заменик-министерот за образование Петар Атанасов поднесе оставка

Заменик-министерот за образование и наука Петар Атанасов на својот фејсбук-профил во отворено писмо до премиеот Зоран Заев и до јавноста соопшти дека поднесува оставка од функцијата. Како што вели, неговата позиција станува „неодржлива и неефективна“ […]