Димитров и Османи утре во работна посета на Брисел


– Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров и шефот на дипломатијата Бујар Османи, од утре ќе престојуваат во работна посета на Брисел, каде ќе остварат средба со Аугусто Сантош Силва, министер за надворешни работи на Португалија, земјата претседавач со Советот на ЕУ.

Како што соопштија од владината прес-служба, во рамки на посетата предвидени се средби и со претставници на институциите на ЕУ, а на маргините на Советот за надворешни работи на ЕУ, што се одржува истиот ден, планирани се и билатерални средби со повеќе министри за надворешни работи на земји членки на ЕУ.