Димитров и Нуредини учествуваа на 5-от состанок на Секторскиот мониторинг комитет​


 



Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров денеска ко-претседаваше со 5-от состанок на Секторскиот мониторинг комитет за животна средина во рамките на ИПА II. Повеќегодишната оперативна програма за 2014-2020 во секторот животна средина и климатски акции беше во главниот фокус на состанокот. Станува збор за портфолио од 47 проекти и приближно 135 милиони евра ИПА средства кои државата треба да ги искористи, а проектите да ги стави во функција најдоцна до 2025 година.

„Со објавувањето на новите иницијативи од Европската Унија, Европскиот и инвестициски план, како и Зелената агенда за земјите од Западен Балкан станува јасно дека времето на комфорност заврши и дека имаме огромна шанса преку ЕУ фондовите да ги обезбедиме европските стандарди во нашето секојдневие. Со фокус на чистиот воздух, чиста вода за пиење, третман на цврст отпад, заштита на биодиверзитетот, нашата цел е со помош на Унијата да обезбедиме подобар и здрав живот за македонските граѓани“, рече Димитов.

На состанокот на кој што учествуваше и ресорниот министер за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, беше разгледан напредокот во спроведување на проектите за изградба на колекторски систем во Скопје, изградба на пречистителни станици за третман на отпадни води во Битола и Тетово, проширување на канализациската мрежа во Кичево, изградба на интегрален систем за третман на цврст отпад во источниот и северноисточниот регион, како и проекти кои помагаат во процесот на хармонизација на македонското законодавство со европското acquis.

„Благодарни сме за поддршката што ја добиваме од Европската Унија, посебно за финансиската помош обезбедена со ИПА програмата. Преку овие инвестиции не само што ќе се заштити животната средина, туку исто така ќе се унапреди квалитетот и стандардот на животот на нашите граѓани“, истакна Нуредини.

Состанокот се одржува еднаш годишно и служи за отворање на прашањата во присуство на членовите на комитетот за портфолиото на проекти во животна средина. Форумот на комитетот ги опфаќа претставниците на надлежното министерство, на Делегацијата на ЕУ, на Министерството за финансии, донаторите и невладините институции. Со ова присуство се овозможува транспаретна и отворена дискусија која треба да ги даде насоките и акциите за таргетирано дејствување во наредниот период.

 


Вести

Регистрирани 1.093 новозаразени, починаа 28 лица

Денеска се регистрирани 1.093 нови случаи на Ковид 19. Оздравеле 819 пациенти, а починаа 28 лица. Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3084 тестирања, а регистрирани се 1093 нови случаи на […]

ДКСК: Државните активности да се не мешаат со партиските во изборниот период - МИА
Вести

ДКСК: Поголем дел од претседателите на основните судови не поднеле анкетни листови

– Антикорупциската комисија на денешната седница разгледа 18 предмети за претседатели на основи судови и по извршената проверка за следење на имотната состојба и судир на интереси согласно годишната програма за работа,  утврди дека голем […]

Вести

Во ковид – центрите во Скопје за 24 часа хоспитализирани 42 пациенти, вкупно се лекуваат 463

– Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје хоспитализрани се 42 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 463 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*