Димиров во Атина на средби со Дендиас и Варвициотис



Димитров: Идентитетските прашања не можат да бидат предмет на политичка декларација - МИА

Скопје, 16 септември 2020 () – Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров поладнево во Атина ќе има одвоени средби со министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас и со алтернативниот министер задолжен за европски прашања Милтиадис Варвициотис.

Главна тема на средбите, како што информираат од кабинетот на Димитров, ќе биде поддршката и помошта на Грција за почетокот на пристапниот процес на Северна Македонија со ЕУ, како суштински дел во новото поглавје на односите меѓу двете соседни земји.

Средбите се во рамки на првата владина посета во странство предводена од премиерот Зоран Заев.

Заев денеска во Атина учествува на панел дискусија за Западен Балкан на конференцијата на „Економист“, а предвидено е да оствари средби со претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу, со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, како и со лидерот на опозициската СИРИЗА, Алексис Ципрас.


Вести

Фетаи не е задоволна од пресудата за „Насилство во Центар“, Обвинителството ќе поднесе жалба

– Обвинителката Фатиме Фетаи рече дека не е задоволна од изборот на видот и одмерувањето на висината на кривичната санкција за обвинетите во случајот „Насилство во Центар“ и најави дека Обвинителството ќе подне жалба на пресудите. – Не […]

Вести

Адвокатката на Јанкулоска: Незаконско е спроведувањето, таа е оневозможена да бара одлагање на казната

Адвокатката Сања Алексиќ, бранител на Гордана Јанкулоска која вчера беше спроведена во „Идризово” за издржување на затворската казна од четири години, вели дека нејзиното спроведување е надвор од секоја законска процедура. Таа вели дека штом […]

Вести

Груевски осуден на 1,5 година затвор, Јанакиески на 1 година условно за „Насилство во Центар“

– Поранешниот премиер во бегство Никола Груевски доби казна затвор од една и пол година, а екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески доби условна казна од една година за поттикнување на насилствата пред Општина […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*