ДИК: „За“ гласале 91,25 отсто, „против“ 5,82 од обработените над 85 проценти


– Државната изборна комисија вечерва на прес-конференција соопшти дека на референдумското прашање „за“ гласале 500.323 или 91,25 проценти, а „против“ 31.886 граѓани или 5,82 проценти.

Излезеноста, според досега обработените 85,71 процент од избирачките места, е 36,11 проценти.

Претседателот на ДИК Оливер Дерковски информира дека вкупниот број на важечки ливчиња е 532.218, на неважечки 16.073 и неупотребенеи е 969.993.

– обработен е висок процент на пристигнати резултати. Сметам дека во многу краток рок ќе ги добиеме и останатите резултати и јавноста ќе може за кратко време да ги има комплетните нефоцијални резултати затоа што официјални ќе бидат кога ќе ги пребереме сите записници и кога ќе изминат роковите за приговори. ДИк во законски предвидените рокови во текот на утрешниот ден ќе ги објави и официјалните резултати, рече Дерковски.

Прашан за оценка дали референдусмот е успешен или не, Дерковски рече дека согласно законот за да биде успешен референдумот треба да има излезеност од 50 проценти плус еден глас и дека мнозинството треба да се изјасни „за“.

– Согласно неофицијалните резултати повеќе од 85 проценти преброени гласови јасно е дека еден од условите не е исполнет и на референдумот не е донесена одлука, појасни Дерковски.


Нови 29 позитивни на КОВИД-19 од 349 тестирања во изминатите 24 часа - МИА
Вести

Нови 74 случаи со Ковид-19, тројца починати, 90 оздравени пациенти

Скопје, 3 август 2020 () – Во последните 24 часа се направени 689 тестирања, а регистрирани се 74 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-14, Куманово-8, Штип-13, Струга-1, Кавадарци-3, Гостивар-22, Кочани-1, Берово-3, Виница-4, Свети Николе-3, Кичево-2. […]

Џафери ќе ја води конститутивната седница - МИА
Вести

Џафери ќе ја води конститутивната седница

Скопје, 3 август 2020 () – Претседателот на Собранието во заминување Талат Џафери утре ќе претседава со конститутивната седница на Собранието, потврдија од неговиот кабинет. -Претседателот Џафери излезе од болница и е во многу добра […]

Ковид-19 најризичен за постарите лица, почитувањето на мерките клучно за нивна заштита - МИА
Вести

Ковид-19 најризичен за постарите лица, почитувањето на мерките клучно за нивна заштита

Скопје, 3 август 2020 () – Ковид-19 предизвикува поголема смртност кај лица на возраст над 60 години и кај лица со основни медицински состојби, како што се кардиоваскуларни заболувања, хронична респираторна болест, дијабетес и карцином. […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*