ДИК ги потврди новите пратеници во Собранието


Членовите на избирачките одбори ќе добијат за сто проценти повисок надоместок, одлучи ДИК - МИА

– Државната изборна комисија (ДИК) на денешната 89. седница ги потврди новите пратеници – Мирче Аџиоски во ИЕ5 од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова за Македонија“, Рина Ајдари за ИЕ6 од ДУИ, Мирослав Јовановиќ и Лидија Тасевска, и двајцата во ИЕ2 од Коалицијата „Можеме“.



Претседателот на ДИК Оливер Деркоски информира дека го разгледале известувањето од претседателот на Собранието со кое, како што рече, не информира дека Собранието на денешната седница ги констатира оставките на пратениците Игор Дурловски од Изборна единица 5 од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова за Македонија“, на Бајрам Реџепи од ИЕ 6 од ДУИ, Мухамед Зекири од Коалицијата „Можеме“ и Сања Лукаревска од ИЕ2 од Коалицијата „Можеме“.

ДИК на новите четворица пратеници ќе им издаде уверение за избран пратеник во Собранието. Членовите на ДИК едногласно го усвоија овој Извештај, кој потоа ќе се достави до Собранието за понатамашно постапување.

Членовите на ДИК ја изгласаа и Предлог-одлуката за авансни средства за подрачните одделенија Кичево и Штип со цел да им се помогне на овие подрачни единици да ги остварат своите надлежности во врска со претстојните вонредни избори за градоначалници во Пласница и во Штип.


Вести

Пензионерите бараат приоритет за вакцинирање против КОВИД-19

– Сојузот на здруженија на пензионери упатуваат апел приоритет при вакцинирањето против КОВИД-19 да имаат пензионерите, како најранлива категорија лица со хронични болести и намален имунитет. -Во име на над 300 000 возрасни луѓе во нашата […]

Вести

Земјите од ЕУ на здравствена заштита во просек трошат 9,9 проценти од БДП, ние 4,5

– На здравствена заштита и социјални бенефити Северна Македонија во 2019 година потрошила вкупно 507 милиони евра односно 4,5 проценти од БДП или по 244 евра по глава на жител, што е под просекот од […]

Вести

Регистрирани 1342 нови случаи на Ковид-19, оздравени 679 пациенти, починаа 22 лица

Од направени 3399 тестирања во последните 24 часа, регистрирани се 1342 нови случаи на Ковид-19, додека во исто време починаа 22 лица, а Институтот за јавно здравје регистрира 679 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство. […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*