Дескоска: Стравот од избори ја тера опозицијата да спинува, не се точни тврдењата за Венецијанската комисија



Дескоска сподели искуства за Ковид-19 со министри од неколку европски држави - МИА

Скопје, 7 мај 2020 () – Министерката за правда Рената Дескоска денеска ги негираше тврдењата дека Венецијанската комисија препорачува да поминат 60 дена по престанокот на вонредната состојба за да може да се организираат избори.

– Интересно е да се гледа како стравот од избори и свесноста за пораз на опозицијата на нив, тера некои луѓе да спинуваат најнеписмено и најнепрофесионално дека Венецијанската комисија препорачала дека треба да поминат најмалку 60 дена по престанокот на вонредната состојба за да може да се организираат избори. Тоа едноставно не е точно, напиша Дескоска на нејзиниот Фејсбук профил.

Дескоска посочува дека одредбата од грузискиот Устав не е задолжителен стандард на Венецијанската комисија и оти тоа е нешто што државите можат да го земат како добри практики при измена на нивното законодавство. Нашиот устав, вели Дескоска, предвидува дека не може да се спроведуваат избори само за време на траењето на вонредна или воена состојба, односно оти за време на ваквите состојби се продолжуваат мандатите на пратениците и на претседателот на државата.

– Така што исплашените од избори треба да знаат дека за нас задолжително дејство имаат одредбите на нашиот Устав, а не на грузискиот. А дека пофалените одредби не мора да бидат применети во други држави го потврдува и првата страница на Извештајот на Венецијанската комисија на кој се повикуваат, а на која пишува: “Овој документ е компилација на извадоци превземени од извштаи/студии на Венецијанската комисија за вонредна или воена сосотојба и мислења за уставни одредби или закони за вонредна состојба на одредени земји… Оваа компилација треба да се смета само за рамка… Читателот треба да биде свесен дека повеќето од мислењата од кои извадоците се цитирани во компилацијава се однесуваат на поедини земји и треба да ја имаат во предвид специфичноста на ситуацијата таму. Цитатите не се нужно применливи на други земји…, пишува Дескоска во денешниот статус на Фејсбук.

Ова, додава Дескоска, веројатно на правници кои се „скарани” со математиката и логиката, не им е доволно јасно, но на било кој математичар – би требало да му е јасно дека не може да го користи како изговор за одлагање на изборите.


Научниците се уште не се согласни дали е можна инфекција со Ковид-19 од воздух - МИА
Вести

Преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус до сега се заразени 33.385.696 лица. Од последици од Ковид-19 починале 1.003.405 пациенти, а оздравеле 24.688.610 луѓе. – Во изминатите 24 часа во Косово се забележани три […]

Гордана Јанкуловска упатена во КПУ-Идризово за случајот „Тенк” - МИА
Вести

Гордана Јанкуловска упатена во КПУ-Идризово за случајот „Тенк”

Скопје, 28 септември 2020 () – Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, е упатена во КПУ – Идризово, за издржување на казната затвор од четири години како осудена во предметот „Тенк”, потврдуват за од […]

Вести

Адвокатите бараат ослободителна пресуда за Јанакиески за „Насилство во Центар“

– Адвокатите на поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески денеска во завршни зборови за предметот „Насилство во Центар“ побараа тој да биде ослободен од обвинение. Адвокат Димитар Дангов побара Обвинителството да го повлече […]